ЕПИ: Oчекуваме позитивна препорака за Mакедонија

Што ќе биде пофалено, а што критикувано во извештајот за напредокот на Македонија на пат кон почеток на преговорите со Европската Унија ?
 За очекувањата од извештајот, повеќе од Гоце Михајлоски, кој е во Институтот за Европска политика и разговара со Александра Ивановска, истражувач во Институтот.


ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик создава простор за изигрување на волјата на граѓаните

Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните.

Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните.

Флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата. Лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура, што во целост не соодветствува со европските вредности.

ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.

Криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не може и не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата во Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Усвоена информацијата за набавка на инсулин, глукагон, ленти за мерење шеќер

Владата на денеска одржаната седница ја усвои информацијата за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 - септември 2020 година.

Од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено министерството за здравство.

Владата ја прифати и информацијата за почнување на подготвителни работи и претходна анализа за можноста за формирање регионален проект за фракционирање на крвна плазма и безбедност во снабдувањето со крв. Подготвителните активности за овој проект е задолжено да ги почне министерството за здравство.

Изборот на ДИК да се носи со 61 пратеник

Собранието попладнево со 62 гласа „За“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик.

 Со кој се предлага составот на ДИК да се избира со 61, наместо со 81 пратеник. За опозицијата – се работи за досега невиден преседан, за власта пак, начин да се деблокира процесот.

 Весна Велкова Тодоровска е пред собранието. За утре е закажана и лидерска средба.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер