МИА : Датум за преговори со ЕУ најдоцна во јули

Земјите-членки на Европската унија сакаат Македонија да добие датум за почеток на преговори најдоцна во јули годинава, дознава МИА од високи дипломатски извори во Брисел.
Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, бугарското претседателство би сакало датумот да биде доделен во јуни додека сеуште е Бугарија претседавач со ЕУ, но доколку тоа не биде возможно најголемиот дел од земјите-членки на ЕУ сакаат датумот да биде доделен најдоцна во јули, под австриско претседателство, „дури и да не е целосно решен спорот за името, но ако е на пат да биде решен“, велат изворите на МИА во Брисел.

Кај земјите-членки преовладувала „многу позитивна“ атмосфера кон Македонија и реформскиот напредок во државата. - Толку е позитивна атмосферата што би било тешко за Грција да блокира одредување датум за преговори и доколу Грција блокира тоа ќе биде лошо за неа, велат дипломатски извори од важна земја-членка на ЕУ за МИА.
За крај изворите на МИА објаснуваат дека повеќе земји-членки, меѓу кои и најголемите, посакуваат датум за старт на преговори да им се додели во пакет на Македонија и на Албанија, чии реформски напредок исто така наиде на многу позитивни реакции во Брисел.

Албанија исто така има билатерални спорови си Грција, но се чини дека Грција не се осмелува да оди во директна блокада. /MИА

ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик создава простор за изигрување на волјата на граѓаните

Начинот на СДСМ да ги донесе измените во Изборниот законик се обид за создавање на простор за манипулирање и изигрување на волјата на граѓаните.

Со тоа, СДСМ сака да ги заобиколи демократската процедура и воспоставената демократска пракса, ваквите измени да се носат во консултација и согласност со опозицијата. Само на тој начин може да се гарантира фер и демократски услови при изборен процес и вистинско изразување на волјата на граѓаните.

Флагрантната злоупотреба на европското знаме на закони кои не се во согласност со европското право е само уште еден од низата директни удари врз демократијата. Лажното подметнување на ставот на Венецијанската комисија е уште еден доказ дека СДСМ ги преминува сите граници на пристојност и демократска култура, што во целост не соодветствува со европските вредности.

ВМРО-ДПМНЕ останува на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.

Криминалите на Зоран Заев и картелот на власт не може и не смее да се покриваат со продавање на највисоките национални интереси и напад врз демократијата во Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Усвоена информацијата за набавка на инсулин, глукагон, ленти за мерење шеќер

Владата на денеска одржаната седница ја усвои информацијата за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 - септември 2020 година.

Од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено министерството за здравство.

Владата ја прифати и информацијата за почнување на подготвителни работи и претходна анализа за можноста за формирање регионален проект за фракционирање на крвна плазма и безбедност во снабдувањето со крв. Подготвителните активности за овој проект е задолжено да ги почне министерството за здравство.

Изборот на ДИК да се носи со 61 пратеник

Собранието попладнево со 62 гласа „За“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик.

 Со кој се предлага составот на ДИК да се избира со 61, наместо со 81 пратеник. За опозицијата – се работи за досега невиден преседан, за власта пак, начин да се деблокира процесот.

 Весна Велкова Тодоровска е пред собранието. За утре е закажана и лидерска средба.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер