Рочиштето за „Монструм“ одложено за 15 мај

Не може со едно писмо, без медицинска документација за дијагнозата, на обвинетиот Азири, адвокатот Насер Рауфи да го правда отсуството на клиентот, рече обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи на денешното прво рочиште за случајот „Монструм“ кое беше одложено.
 Според судијата Огнен Ставрев за отсуството на обвинетиот требало да добијат известување од штипскиот затвор, каде Азири ја издржува затворската казна.

Мајката на убиениот Александар Наќевски, Зорица со солзи во очите побара од судот и обвинителството да ја откријат вистината. Адвокатот на семејството, Дафинка Ивановска рече дека не треба да се одложуваат рочиштата, туку побрзо вистината да излезе на виделина.

Масакрот кај Смилковското езеро се случи пред шест години во очи на големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предметот „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Растот на платите, обезбедените буџетски средства за нови капацитети и опрема се приоритет на Владата за текстилната индустрија

Министерот за финансии Драган Тевдовски и шефицата на кабинетот на Министерството за труд и социјална политика Санела Шкриељ,учествуваа на дебатата „Иднината во нашите очи“ во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“.

Како што истакна министерот за финансии, целта на Владата е да обезбеди подобар живот за граѓаните и развој на економијата, а овие две цели се заемно поврзани. Тевдовски додаде дека токму поради тоа, Владата истовремено го поддржува и растот на платите, преку мерки како минималната плата, но и техничко-технолошкиот развој на компаниите за зголемување на продуктивноста, се наведува во соопштението од Владата. 

На дебатата во Штип, Тевдовски посочи дека растот на платите најмногу се гледа кај секторите за производство на текстил, облека и преработка на кожа, како области кои порано имаа плата под минималната, но сега прагот кај нив е изедначен со останатите сектори.

Министерот за финансии на трибината на манифестацијата „Текстилијада“ која се одржува по втор пат и која им овозможува на работниците и на работодавачите да ги споделат нивните теми од интерес, нагласи дека растот на платите влијае на покачување на продуктивноста на компаниите, бидејќи подобро платените работници се помотивирани и попродуктивни. Во таа насока, за да се поддржи зголемување на продуктивноста на компаниите, Владата обезбеди буџетски средства но и евтини кредити од Европската инвестициска банка, за да ги поддржи инвестициите во нови капацитети и опрема. Министерот рече дека зголемената продуктивност на компаниите на крај ќе се отслика на развојот на економијата во целост.

Во име на Министерството за труд и социјална политика, шефицата на кабинетот на министерката, Шкриељ нагласи дека изминатата година и пол МТСП интензивно работеше на законски решенија со кои се унапредуваат работничките права. Една од тие мерки е поддршката за раст на плати со кои на работниците им се исплаќа повисока минимална плата, а работодавачите добиваат поддршка за истата и од оваа мерка веќе се гледаат резултатите. Таа информираше дека во тек е и подготовка на нов закон за работни односи кој ќе биде усогласен со европските стандарди.

На дебатата учествуваа и Благој Бочварски и Николчо Илиев, како градоначалници на Штип и Кочани, градови со доминантно текстилна индустрија.

Шведскиот амбасадор Стафансон : Владата се чини дека го има потребното мнозинство

Шведскиот амбасадор во Македонија .Матс Стафансон на Твитер напиша дека во очекување на клучното гласањето во Парламентот, изгледа дека Владата го обезбедила потребното двотретинско мнозинство.

,,Вечерва во парламентот се очекува клучното гласање за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. По се изгледа дека Владата го има неопходното двотретинско  мнозинство. Со тоа конечно ќе ја отвори НАТО у ЕУ перспективата за Македонија. Многу новинарски извештаи за закани кон опозициските пратеници кои ќе гласаат „за“, напиша пред два часа амбасадорот Стафансон.

Павле Трајанов и Ристо Никовски во „Само Вистина“

ВМРО-ДПМНЕ во моментов е на браникот на татковината, рече Никовски. Трајанов на став дека ако се пропушти шансата сега Македонија ризикува.

За про и контра ставовите во однос на договорот со Грција, за уставните измени и актуелната политичка ситуација повеќе детали погледнете во најновото издание на  „Само Вистина“

притисни ентер