Со европски пари ќе се подобрува добивањето бесплатна правна помош во земјава

Поддршка на реформата на системот за правна помош во земјава и покревање на јавната свест и информирање на граѓаните за постоење на можност за добивање бесплатна правна помош е целта на проектот „Поддршка на реформите на системот на правна помош“ на Европската унија и Советот на Европа што денеска беше промовиран во Скопје.
Проектот, што е дел од „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција“ во рамки на програмата „Обезбедување правда“ која во моментов се спроведува во земјава, треба да обезбеди поддршка за Министерството за правда и на неговите подрачни одделенија за подобрување на процесуирањето на барањата за бесплатна правна помош и зајакнување на нивните капацитети за давање на правни услуги со поголем обем и поквалитетни, како и да осигура поефективна имплементација на реформите во согласност со европските стандарди. Предвидува блиска соработка со Министерството за правда, Адвокатската комора, Полицијата, МВР и невладините организации кои даваат бесплатна правна помош.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски истакна дека проектот треба да овозможи поефикасно спроведување на законот за бесплатна правна помош и додаде дека Предлог-законот што го помина првото читање е вратен после забелешките дадени во текот на јавната расправа од Адвокатската комора и невладините организации.

- На јавната дебата најголемите критики беа за одредувањето на тарифата за застапување во законот, која е пониска од редовната адвокатска тарифа што ја носи Адвокатскта комора. Редовната тарифа е превисока во делот на ваков вид на правна помош, бидејќи целта на законот е широк круг на луѓе да добијат правна помош, а буџетот на Министерството за правда од кој се исплаќа услугата е лимитиран, рече Ристовски.

За наредната година, рече, се надева оти буџетот на министерството ќе биде повисок, но додаде дека тоа нема да значи повисоки тарифи на плаќање, туку поширок опсег на лица кои ќе добијат правна помош.

Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ порача дека проектот значи конкретна помош за земјава во област која е многу битна и додаде дека проектите кои помагаа во давање бесплатна правна помош преку невладините организации беа само привремена активност.

- Проектната сорботка ќе продолжи, но сега со државно финасирање, рече Бертолини.

Хане Јункер, раководителот на Одделот за правда и правни соработки на Советот на Европа посочи дека правната помош е многу важна за заштита на правото на правично судење и еднаквост на оружјата и на луѓето им дава пристап до специјализирани информации за правото и како најдобро можат да ги бранат своите права.

- Клучно е властите да го подобрат пристапот до правната помош... Ранливите групи имаат право на правна помош доколку тоа им треба вклучително и на оние кои немаат средства да платат адвокат. Средствата кои се одвојуваат за таа цел во вашата земја се под средната вредност за таа намена во Европа, рече Јункер.

Посочи дека преку проектот ќе се поддржат регионалните канцеларии на Министерството за правда за поефикасно  и делотворно да работат со клиентите за да можат брзо и квалитетно да им пружат правни услуги на лицата кои тоа ќе им го побараат, како и да се зголеми бројот на адвокати кои се дел од овој систем.

Директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители Анета Арнаудова побара и судството да биде вклучено во проектот и да се организираат обуки за судииите и обвинителите, бидејќи судиите, како што рече, се тие што ги одредуваат бранителите по службена дејност.

Проектот, чиј буџет е 300.000 евра, а времетраење 17 месеци, официјално почна да се спроведува од почетокот на годинава, а ќе трае до мај 2019 година. /МИА

Путин и Трамп во Хелсинки: Тензија без насмевки

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин се состанаа во Хелсинки, се појавија пред медиумите, а потоа заминаа на разговор зад затворени врати.

Како што оценуваат светските медиуми, првата билатерална средба на двајцата лидери изгледала “тензично“, ракувањето траело околу три секунди и скоро и да немало насмевка.

Во првата протоколарна изјава Путин доби предност и истакна дека му е задоволство што се сретнал со Трамп, додека американскиот претседател му честиташе на колегата на организацијата на Светското првенство во фудбал и играта на руската селекција.

„Гледав малку...Се беше прекрасно направено. Има многу работи за кои треба да разговараме, од трговија, до Кина и нашиот заеднички пријател претседателот Си. Имаме извонредна можност заедно, но со години не бевме согласни. Согласувањето е добра работа, светот сака да го види тоа“ – изјавил Трамп.

„Тет-а-тет“ состанокот меѓу Путин и Трамп се случува без присуство на било кое друго официјално лице или друга држава, покрај нив во просторијата се само преведувачите.

Американските медиуми навеле дека претседателот на САД категорично барал на разговорите да не присуствува никој.

Ѕанакопулос: Договорот ќе помине во Парламентот, во спротивно немаше да го потпишеме

Очигледно е дека договорот ќе помине  во грчкиот Парламент, во спротивно немаше да го потпишеме, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио Реал фм.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос објаснува дека грчката влада сака во Парламентот да има колку е можно поголемо мнозинство „за овој многу важен договорот, што на најдобар можен начин затвора едно 25-годишно прашање“.

-Господинот Каменос и Независни Грци доставија предлог во врска со потребата за едно проширено мнозинство во грчкиот Парламент, за 180 пратеници. Овој предлог е на маса. Грчката Влада ги очекува резултатите на референдумот и обидот за уставна ревизија и штом ова се заврши на позитивен начин, ќе го сториме она што го предвидува договорот, да го донесеме во грчкиот Парламент, борејќи се за колку е можно пошироко парламентарно мнозинство, кое според мое мислење, е можно да се постигне, рече Ѕанакопулос за грчкото радио. /МИА

Очите на целиот свет се вперени во нив: Почна самитот Трамп - Путин (видео)

Историскиот самит, само што започна во Хелсинки, откако рускиот и американскиот претседател седнаа пред новинарите.

Инаку Путин доцнел па целиот настан и тој е поместен за околу 20 минути.

Во пресрет на состанокот во четири очи, Трамп и Путин седнаа пред новинарите на кои на кратко им се обратија. Путин беше краток, изјавувајќи дека ќе разговаат за сите важни теми. За разлика од него, Трамп говореше нешто подолго, наведувајќи ги темите за кои има намера да разговара.

Според планот на самитот, Владимир Путин и Доналд Трамп ќе имаат отприлика околу три часа, колку што би требало да трае нивниот разговор, да ги “поминат“ сите теми кои се на маса.

Двајцата светски лидери ќе разговараат очи в очи, во финската Претседателска палата, здание од 19 век, кое своевремено била резиденција за руските цареви во Финска.

Од ситуацијата на Блискиот исток, пред се Сирија, улогата на Иран, потоа Украина, каде истокот на земјата го контролираат проруските сили, а тука се и западните санкции воведени кон Русија после анексијата на Крим, наводното руско мешање во американските избори, како и состојбата во која се наоѓа договорот за нуклеарно вооружување.

Инаку самитот во Хелсинки ќе биде четврта средба на претседателите Трамп и Путин од инаугурацијата на Трамп во јануари 2017 година.

И додека некои посматрачи гледаат предност во можното приближување на САД и Русија, други и понатаму се песимисти бидејќи сметаат дека нормализацијата на односите најмногу зависи од решавањето на три примарни прашања: истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер за руското мешање во американските избори, продолжувањето на санкциите спрема Русија и припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година.

И пред да почне да разговара со Путин, Трамп на својот твитер налог напиша дека односите меѓу САД и Русија никогаш не биле полоши.

притисни ентер