Физиотерапевтите откриваат: Метода со конец за рамен стомак (видео)

Физиотерапевтите пронајдоа нов начин кој може да помогне вашиот стомак да стане рамен и затегнат.

Звучи малку необично, но според нив, доволно е само еден обичен конец или врвка кој ќе го врзете околу струкот, за да ви помогне вашиот стомак да стане затегнат и рамен. Како што тврдат експертите, конецот постојано не потсетува да ги затегнуваме мускулите на стомакот. Британскиот физиотерапевт Семи Марго тврди дека конецот врзан на струкот, постојано го опоменува човекот за неопходноста од затегнувањето на стомачните мускули.
Еве, што треба да направите:
-Земете конец или врвка, врзете го на струкот околу стомачните мускули. Фиксирајте го на половина вдишување, така, да можете да го почувствувате при издишувањето.
Притисокот на конецот постојано ќе ве потсетува дека треба да ги затегнувате стомачните мускули. Правете го тоа во текот на целиот ден: додека шетате, стоите, седете, додека сте на работа или дома. Обидете се да не го вадите конецот, односно издржете колку што можете подолго. Тој ќе ви обезбеди рамен стомак и ќе го подобри држењето на вашето тело – вели Семи.
Овие вежби се прават речиси деноноќно, што е многупати поефикасно од вежбањето трипати седмично. Семи тврди дека неговиот едноставен метод им помага на луѓето во остварувањето на посакуваните резултати со помала психолошка и физички трошоци.
Внатрешните стомачни мускули, веројатно се единствените во човековото тело кои не се тренираат со динамички оптоварувања. Само статика. Постојаното врзување на стомачните мускули (вовлекување на стомакот) е вежба која доведува до рамен стомак.

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

Педри сака да остане во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педри потврди денеска дека неговите планови се да остане во Барселона,

„Многу сум смирен бидејќи знам дека Барселона ќе го исполни тоа што ми го вети. Веќе разговаравме за новиот договор. Барса отсекогаш бил клубот од моите соништа“, изјави 21-годишниот шпанскиот репрезентативец.

За новиот договор меѓу Барселона и Педри, според добро информираниот италијанскиот новинар Фабрицио Романо, ќе се разговара во наредните недели.

Педри дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година./МИА

притисни ентер