Деари избори пласман на фјучрсот во Русе

Македонскиот тенсиер Шендрит Деари успеа да се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Русе. Тој денеска во мечот од третото коло од квалификациите го победи вториот носител Јан Сабани од Русија со 2-1 во сетови (3:6; 6:2 и 7:6 (7:2)). Во првото коло на главниот турнир ќе игра против петтиот носител истотака квалификант Рикардо Родригез од Венецуела.
Оваа недела настап на фјучрс турнир во Кисељак во Босна и Херцеговина ќе има и Томислав Јотовски, кој го очеква ривалот во првото коло.

Што се однесува до новата ранг листа на АТП од македонските тенсиери Јотовски по полуфиналето во Добој има скок од 56.места и сега се наоѓа на 640.место. Скок направи и Горазд Србљак, кој се проби на 1.699 место со напредок од 454 места. Од другите македонски тенисери Стефан Мицов се наоѓа на 1.293 место, Бојан Јанкуловски се наоѓа на 1.453 место, Бесир Дургути е на 1.743 место, а Димитар Грабул е 1.748 место.

Во женска конкуренција Лина Ѓорческа се наоѓа на 269.место на ВТА листата, додека Магдалена Стоилковска на фјучрсот во Хамамет, Тунис треба да го игра мечот од третото коло од квалификациите Елене Џоновезе од Малта. 

Џан: Сум играл со шампиони, но Роналдо е нешто друго

Новиот фудбалер на Јувентус, Емре Џан, го пофали Кристијано Роналдо, кој денес ќе биде претставен како играч на „старата дама“.

Роналдо пристигна во Торино минатата ноќ и денеска ги помина задолжителните медицински прегледи во клупската база. Неговата официјална презентација пред обожавателите и новинарите ќе се одржи денеска во 18:30 часот по македонско време.

- Имав привилегија да играм со некои шампиони од светска класа, но Кристијано Роналдо можеше да ја крене класата на секој тим. Тој е исклучителен. Многу сум задоволен што ќе имам можност да играм со него, рече Емре Џан. /МИА

Челзи ќе го пушти Азар во Реал за 200 милиони фунти

Челзи ќе ја пушти својата ѕвезда Еден Азар во насока Реал Мадрид, но само ако „белите“ се согласат да платат за Белгиецот 200 милиони фунти.

Тоа е цената што тимот од „Стемфорд Бриџ“ ја постави на офанзивниот халф, велат од „Тајмс“. 

Азар навести пред два дена дека е подготвен да го напушти Челзи по шест години во клубот, а Флорентино Перез сака да го привлече како замена на Кристијано Роналдо, кој беше продаден на Јувентус.

Ако трансферот стане реалност, Азар ќе стане најскапиот играч во светот, надминувајќи го Нејмар.

Освојувачот на бронзениот медал од Мондијалот 2018 година има договор со Челзи за уште две сезони, а тимот од Лондон му понуди повторно да потпишат со него за надомест од 300.000 фунти неделно. 

Сепак, според медиумите на Островот, Азар тешко ќе го прифати овој предлог и поверојатно е да се случи трансфер. /МИА

Роналдо пречекан од стотици навивачи на Јувентус

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе ги помине медицинските прегледи.

Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ и без двоумење застана и даде автограми и се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи.

Подоцна, Португалецот се очекува да биде официјално претставен икако играч на Јуве, откако премина во Торино од Реал Мадрид за 112 милиони евра.

притисни ентер