Брест домаќин на завршниот турнир во СЕХА лигата

Извршниот комитет на регионалната ракометна Гаспром СЕХА лига донесе одлука завршниот „Фајнл фор“ турнир да се игра во Брест, Белорусија од 7-9 април.

Домаќинот на турнирот Мешков Брест во полуфиналето ќе игра со Веспрем, додека македонскиот шампион Вардар ќе се сретне со ППД Загреб.
Полуфиналните натпревари се закажани за 7 април, а мечот за 3-то место и големото финале ќе се играат недела 9 април. Сите натпревари ќе се одигра во спортската сала „Палас Викторија“.

- На наше огромно задоволство Ф4 турнирот ќе го организира Мешков Брест и ние сме сигурни дека тоа ќе биде незаборавно искуство за ракометниот клуб Мешков Брест, за Белорусија, градот Брест, како и за навивачите и белорускиот ракомет воопшто. Клубот расте секоја година и заслужува да биде домаќин на најдоброто од регионалната ракометна, изјави Синиша Остоиќ, извршен директор на СЕХА - Гаспром лига.

Преносите од Ф4 ќе се емитуваат во девет земји, а во следните денови ќе биде позната и саатницата за натпреварите, како и начинот на кој заинтересираните од странство ќе можат да набават билети. За навивачите од Белорусија влезниците веќе се достапни за купување, соопштија од СЕХА. 

Милан непријатно изненаден од УЕФА

Поранешниот италијански и европски шампион Милан е изненаден од одлуката на УЕФА да не ја прифати понудата на клубот за договор околу правилата за финансиски ферплеј.

Одлуката на Европската фудбалската федерација беше објавена вчера и со неа на „росонерите“ им се одбива предлогот за договор и им се заканува забрана за настап во евро-куповите.

- Прилично непријатно сме изненадени, бидејќи очекувавме УЕФА да ни предложи договор. Откако беше воведен финансискиот ферплеј, таков договор им беше предложен на сите тимови, со исклучок на неколку помали руски клубот. Ние отидовме во УЕФА пред 15 дена и го претставивме нашиот план кој гарантираше решавање на проблемите кои се појавија поради промена на сопственикот на клубот, изјави Марко Фасоне, извршен директор на Милан.

Европската фудбалска федерација го одби планот за рефинансирање на долгот што го има Милан во висина од околу 380 милиони евра. 

Кошарка М14: Партизан Мулти Шпед и Вардар ќе се борат за трофејот

Кошаркарите на Партизан Мулти Шпед и на Вардар ќе играат во финалето на завршниот турнир во возрасната категорија до 14 години од македонскиот шампионат.

Ова е епилогот по вчерашните полуфинални натпревари на кои Партизан го совлада домаќинот на турнирот МВП Струмица со 78:51, а Вардар беше подобар од Дино Баскет со 84:57.

Финалето на Ф4 турнирот е закажано за попладне од 17 часот и 30 минути, два и пол часа претходно ќе се игра натпреварот за 3.место./МИА

Роналдо: Имам голема почит кон Ливерпул, но мислам дека сме подобри

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го спореди Ливерпул со неговиот тим од пред неколку години, најмногу во контекст на триото во нападот - Салах, Мане и Фирмино. 

Тимот од Мадрид за трофејот во финалето ќе се борат против „црвените од „Енфилд“.

- Тие ме потсетуваат на Реал од пред неколку години, со три брзи играчи во нападот. Тие се во финалето заслужено. Имам голема почит кон Ливерпул, но мислам дека сме подобри, изјави Роналдо, цитиран од „Индепендент“.

Португалецот додаде дека ова е историски момент за клубот и дека треба да го покажат искуството во такви ситуации.

- Од суштинско значење е да напишеме историја, а не кој ќе постигне гол. Ја сакам Лигата на шампионите, бидејќи за да ја освоите, мора да ги победите најдобрите тимови на континентот и секогаш се случува нешто возбудливо, вели Роналдо.

Финалето на Лигата на Шампионите се игра во сабота, 26 мај во Киев./MИА

притисни ентер