Тешка повреда на Ибрахимовиќ

Некои отидоа до таму што дури и прогнозираат крај на кариерата на швеѓанецот со оглед на неговите 35 години.

Манчестер јунајтед се намачи во дуелите со Андерлехт но сепак помина во полуфиналето, но плати многу висока цена со тешката повреда на суперѕвездата на тимот Златан Ибрахимовиќ во финишот на натпреварот.

Напаѓачот по еден воздушен дуел многу лошо доскокна и практично се виде како десното колено излезе од лежиштето.

Првите прогнози по натпреварот беа дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти па дури и повеќе од тоа што значи дека следува операција и половина година опоравување.

Некои отидоа до таму што дури и прогнозираат крај на кариерата на швеѓанецот со оглед на неговите 35 години.

Велковски е нов играч на Ријека

Дарко Велковски е нов играч на фудбалскиот клуб Ријека.

Велковски потпиша договор за три години со можност за продолжување за уште една година, а во Хрватска доаѓа од редовите на Вардар. Тој е и поранешен фудбалер на Работнички, а со двата тима го има освоено македонскиот шампионат.

- Градот е убав, луѓето се одлични, сите се насмеани. Стефан Ристовски ми кажа сѐ најдобро за Ријека, за клубот и навивачите. Исто така, ги знам Жута и Ристовски. Се надевам дека ќе ги оправдаме нашите очекувања и ќе освоиме трофеи во Ријека, изјави Велковски по потпишувањето на договорот, цитиран од клубот.

Тој се заблагодари за дадената шанса во тимот од Хрватска и изрази надеж дека ќе се вклопи во системот на тренерот и дека ќе напредува. /МИА

Штербик во изборот на ЕХФ за најдобри одбрани во ЛШ

Голманот на европскиот ракометен шампион Вардар, Арпад Штербик се најде во изборот на ЕХФ за најдобра одбрани во регуларниот дел од сезоната 2017/2018.

ЕХФ во својот избор ја вметна двојната одбрана на Штербик на гостувањето против ППД Загреб во Хрватска.

Вардар и оваа сезона ќе биде дел од Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Тој ќе се игра на 26 и 27 мај во Келн, Вардар за противник го има Монпелје. /МИА

Дел Боске: Салах нема да го направи Реал подобар тим

Поранешниот селектор на Шпанија Висенте дел Боске се искажа доста негативно за играчите на Ливерпул пред претстојното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. 

Според него, ниту еден од нив не би го направил тимот на „белите“ подобар, вклучувајќи и напаѓачот Мохамед Салах, кој реализираше 32 гола во Премиер лигата на Англија во оваа сезона.

- Реал Мадрид има одличен состав и е најдобриот тим во Европа во моментов. Тие треба да го потврдат тоа во сабота. Очекувам Реал да победи со 4:1, рече 67-годишниот Дел Боске.

Тој како тренер го изведе Реал до две титули во Шпанија и две во Лигата на шампионите.

- Ги гледам играчите на Ливерпул и не сметам дека некој од нив би ја кренал класата на Реал, па дури ни Мохамед Салах. Герет Бејл и Карим Бензема се многу добри. Карим Бензема понекогаш има слаби периоди во однос на реализацијата, но тој секогаш дава се од себе, а Роналдо ги прави сите околу себе подобри, рече специјалистот, кој ја изведе Шпанија до светската и до европската титула. /МИА

притисни ентер