Познати првите четвртфиналисти на Евробаскет

На Европското кошаркарско првенство во текот на вчерашниот ден во Истанбул се одиграа првите четири натпревара од осминафиналната фаза која ја одбележаа елиминациите на Франција и Литванија, како и слабата посета со просечни 1.350 гледачи по натпревар.
Резултати на првите осминафинални средби:
Словенија – Украина 79:55
Германија – Франција 84:81
Финска – Италија 57:70
Литванија – Грција 64:77.
Место во следната фаза обезбедија: Словенија, Германија, Италија и Грција.
Во текот на денешниот ден ќе се играат преостанатите дуели од осминафиналето:
11:30 часот Летонија – Црна Гора
14:15 ч. Србија – Унгарија
17:45 ч. Шпанија – Турција
20:30 ч. Хрватска – Русија./МИА

СП 2018: Јапонија започна со изненадувачка победа над Колумбија

Репрезентацијата на Јапонија постигна многу вредна победа со 2:1 над фаворитот Колумбија во првата средба и за двата тима на Мундијалот во Русија.

Дуелот се одигра на стадионот „Мордовија Арена“ во Саранск, а јужноамериканците го одиграа речиси целиот натпревар со човек помалку, откако уште во четвртата минутам Карлос Санчез беше избркан поради игра со рака во шеснаесетникот.

Тој направи пенал, кој беше реализиран од Кагава, а со генијална изведба од фаул, Кинтеро израмни во 39-тата минута на средбата.

Победата за „самураите“ ја донесе Осака во 72-та минута, кога го постигна победоносниот гол со глава.

По овој натпревар, Јапонија е лидер во групата „Х“, во која се уште Полска и Сенегал, чиј натпревар почнува од 17 часот. /МИА

СП 2018: Нејмар не тренираше

 Најдобриот фудбалер на Бразил, Нејмар го пропушти тренингот по натпреварот од 1.коло против Швајцарија од Е-групата на Светско првенство 2018 кој заврши нерешено 1:1.

Во текот на натпреварот, бразилската ѕвезда неколкупати доби силни удари во нозете, но изјави дека нема сериозни повреди.

Според бразилските медиуми, Нејмар го пропушти тренингот, бидејќи стручниот штаб му даде поштеда стравувајќи за неговото здравје поради грубата игра на противниците насочена кон него.

На следниот дуел од Мундијалот, Бразил на 22 јуни ќе игра со Костарика. 

Велшки Њу Сејнтс противник на Шкендија во првото квалификациско коло за ЛШ

 Македонскиот фудбалски првак Шкендија ќе игра со Њу Сејтс од Велс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Ова е исходот по денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.

Тетовци можат да бидат задоволни од извлекување со оглед на тоа што можеа да добијат далеку посилни противници.

Првиот меч ќе се игра на 10/11 јули кога Шкендија ќе биде домаќин. Реваншот во Велс е седум дена подоцна. 

притисни ентер