Столиковска се избори за настап на главниот турнир на фјучрсот во Унгарија

Македонската тенсиерка Магдалена Стоилковска успешно ги мина квалификациите на фјучрсот во унгарскиот град Секешфехарвар откако денеска во третото коло од квалификациите ја победи Барбора Палцатова од Словачка со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4).
Нашата тенисерка во второто квалификациско коло беше подобра од Никол Гадиен од Швајцарија.
Утре во првото коло на главниот турнир Стоилковска ќе игра против Алекса Пирок од Унгарија која се наоѓа на 1.019 место на ВТА, додека Стоилковска е на 1.191 место.
Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари./МИА

Мурињо: Англија мора да го порази Тунис, но исто така се зборуваше и за Бразил и Аргентина

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека репрезентацијата на Англија мора да го совлада Тунис на дуелот од Светското првенство 2018.

- Дали го гледавте Тунис како играше со Португалија. Искрено, не ми се допадна тој натпревар. Тунис по својот потенцијал и стил е сличен на Мароко. Англија треба да победи, но истото тоа важеше и за Бразил и за Аргентина. Мислам дека натпреварот ќе биде интересен, изјави Мурињо.

Натпреварот Тунис – Англија ќе се игра во Волгоград вечер со почеток во 20 часот.

Три часа претходно (од 17 часот) ќе почне другиот меч од 1.коло во Г-групата меѓу Белгија и Панама. 

СП 2018: Фаворитот Бразил одигра нерешено со Швајцарија

Уште еден од големите фаворити на Мундијалот во Русија забележа неуспешен старт. 

Бразил одигра само 1:1 против Швајцарија во натпревар од групата „Е“, во кој се уште Србија и Костарика. 

Филипе Кутињо реализираше по извонреден удар во 20-тата минута, но во 50-тата Стивен Цубер изедначи со главата. „Кариоките“ имаа претензии за прекршок од страна на Цубер при голот, но судиите не обрнаа внимание. 

Покрај тоа, Бразилците инсистираа и на пенал за Габриел Жезус во 73-тата минута, но овој протест исто така не вроди со плод.

Одличен натпревар одигра Нејмар, кој изгледа дека е целосно закрепнат од повредата. Напаѓачот на Пари Сен Жермен беше кошмар за играчите во црвено со неговите постојани пробиви, а Швајцарците постојано го фаулираа.

На крајот на краиштата, тактиката на „крстоносците“ им донесе важен бод во борба за пласман во елиминациската фаза. /МИА

СП 2018: Светскиот шампион на колена, Мексико со голема победа на стартот

Светскиот шампион Германија загуби 0:1 од Мексико на првиот меч од групата „Ф“ на Светското првенство на стадионот „Лужники“ во Москва. 

Ирвинг Лозано го постигна единствениот гол во 35-тата минута за Мексико. 

Бундестимот направи серија грешки во првото полувреме, а можеше да прими уште барем еден гол. 

По паузата, Германците заиграа посилно, но уште повеќе ја поставија својата одбранбена линија на проблеми. 

Во 89-тата минута, Јулијан Брант ја погоди гредата, а блиску до гол беа Марио Гомез и Јулијан Дракслер.

Вториот натпревар од групата помеѓу Јужна Кореја и Шведска се игра утре (18 јуни) од 14 часот. /МИА

притисни ентер