Билетите за Мундијалот во Русија од 87 до 917 евра

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес на пладне преку својата веб страница ќе ја почне продажбата и резервацијата на влезниците за Мундијалот 2018 што ќе се игра во Русија.

Во зависност од атрактивноста местоположбата на стадионите и фазата на натпреварувањето, цената на билетите ќе се движи од 88 до 917 евра.
За руските државјани ќе бидат обезбедени посебни влезници кои ќе чинат од 18 до 102 евра.

На Мундијалот во Русија ќе се играат 64 натпревари на 12 стадиони во 11 града. 

Џан: Сум играл со шампиони, но Роналдо е нешто друго

Новиот фудбалер на Јувентус, Емре Џан, го пофали Кристијано Роналдо, кој денес ќе биде претставен како играч на „старата дама“.

Роналдо пристигна во Торино минатата ноќ и денеска ги помина задолжителните медицински прегледи во клупската база. Неговата официјална презентација пред обожавателите и новинарите ќе се одржи денеска во 18:30 часот по македонско време.

- Имав привилегија да играм со некои шампиони од светска класа, но Кристијано Роналдо можеше да ја крене класата на секој тим. Тој е исклучителен. Многу сум задоволен што ќе имам можност да играм со него, рече Емре Џан. /МИА

Челзи ќе го пушти Азар во Реал за 200 милиони фунти

Челзи ќе ја пушти својата ѕвезда Еден Азар во насока Реал Мадрид, но само ако „белите“ се согласат да платат за Белгиецот 200 милиони фунти.

Тоа е цената што тимот од „Стемфорд Бриџ“ ја постави на офанзивниот халф, велат од „Тајмс“. 

Азар навести пред два дена дека е подготвен да го напушти Челзи по шест години во клубот, а Флорентино Перез сака да го привлече како замена на Кристијано Роналдо, кој беше продаден на Јувентус.

Ако трансферот стане реалност, Азар ќе стане најскапиот играч во светот, надминувајќи го Нејмар.

Освојувачот на бронзениот медал од Мондијалот 2018 година има договор со Челзи за уште две сезони, а тимот од Лондон му понуди повторно да потпишат со него за надомест од 300.000 фунти неделно. 

Сепак, според медиумите на Островот, Азар тешко ќе го прифати овој предлог и поверојатно е да се случи трансфер. /МИА

Роналдо пречекан од стотици навивачи на Јувентус

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе ги помине медицинските прегледи.

Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ и без двоумење застана и даде автограми и се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи.

Подоцна, Португалецот се очекува да биде официјално претставен икако играч на Јуве, откако премина во Торино од Реал Мадрид за 112 милиони евра.

притисни ентер