Очекувана победа на Вардар против аутсајдерот Динамо Панчево

Ракометарите на Вардар забележаа очекувана победа против аутсајдерот Динамо Панчево во меч од СЕХА лигата.
На натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“, вардарци забележаа убедлива победа над Динамо Панчево со 42-32, полувреме 20-17.

Мијајло Марсениќ со седум постигнати гола беше најефикасниот ракометар во редовите на македонскиот првак, додека Иван Чупиќ и Хоан Канељас постигнаа по еден помалку (6).

За Вардар ова е седмата победа во исто толку одиграни натпревари во СЕХА конкуренцијата, додека гостите од Србија го претрпеа и шестиот пораз.

Вардар следниот меч од СЕХА лигата ќе го игра на 28 ноември на гости кај Нексе, а веќе во сабота европскиот првак во Скопје го игра дербито во Лигата на шампионите против Рајн-Некар Левен.

Вториот македонски претставник во СЕХА лигата, Металург утре гостува во Белорусија кај Мешков Брест.

Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Мундијалот

Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ одби да го земе сребрениот медал од Светското првенство, откако на самиот почеток на турнирот во Русија беше избркан од репрезентацијата.

Селекторот Златко Далиќ и неговите соиграчи одлучиле Калиниќ да добие медал, иако одби да влезе во игра против Нигерија (2:0).

- Ви благодарам, но јас не играв во Русија, порача Калиниќ и се заблагодари на гестот на неговите соиграчи.

Калиниќ во наредниве денови би требало да го комплетира трансферот во Атлетико Мадрид за 20 милиони евра.

Хрватска заврши на второто место на Мундијалот, а тоа е најголемиот успех во историјата на „ватрените“. /МИА

Манчестер Јунајтед одигра нерешно на првиот контролен натпревар во САД

Манчестер Јунајтед ја стартуваше претсезонската турнеја во САД со реми 1:1 против мексиканскиот клуб Америка. 

Дуелот помеѓу двата тима се одигра во Глендејл, Аризона, а „црвените ѓаволи“ беа без голем дел од главните фудбалери.

Учесниците на Светското првенство 2018 (12 на број) не патуваа во САД, додека проблемите со визите го одложија приклучувањето на Алексис Санчез. И новото засилување Фред не учестваше во натпреварот. Недостатокот на ѕвезди и високите цени на билетите ја одвратија публиката, па стадионот беше полупразен.

Резултатот го открија Мексиканците по час игра, преку напаѓачот Хенри Мартин, кој постигна гол со глава против дебитантот Ли Грант. Во 78-та Јунајтед стигна до реми преку Хуан Мата, кој реализираше одблизу, откако претходно топката се одби од гредата.

Следната проверка на Манчестер Јунајтед е на 23 јули, а ривал на тимот на Жозе Мурињо ќе биде Сан Хозе. /МИА

Клоп за Алисон: Привлековме еден од најдобрите голмани

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри како се дошло до рекордниот трансфер на бразилскиот голман Алисон Бекер на „Енфилд“. 

Преговорите започнаа пред само неколку недели, а цената не била особено важна, бидејќи на Ливерпул му беше потребна класа голман на овој пост. 

На крајот, Бразилецот беше привлечен за 62,5 милиони евра плус 10 милиони евра во форма на бонуси за изведба.

- Само пред неколку недели се отвори можност да привлечеме еден од најдобрите голмани во светот. Не губевме време за да склучиме договор. Зборувавме со сопствениците на клубот и тие дадоа зелено светло за трансферот. Цената се одредува од пазарот, не можеме ние да влијаеме на тоа. Ова покажува колку е важна голманската позиција во денешно време, изјави Клоп.

Германскиот стратег додаде дека новиот чувар на мрежата на „црвените“ се претставил на високо ниво во Рома и Светското првенство, но и дека следи период на адаптација за Алисон, за кого ова е „нов свет“. /МИА

притисни ентер