ЕП ракомет 2018: Дувњак се повреди, неизвесно дали ќе го продолжи шампионатот

Хрватска синоќа го доби дербито со Србија (32:22), но најверојатно до крајот на Европското првенство го загуби Домагој Дувњак.
Во финишот на средбата Дувњак со помош на своите соиграчи го напушти теренот, откако ја повреди десната нога.

- Го повреди листот на десниот мускул. Најверојатно има пукнато мускулно влакно, соопшти селекторот Лино Червар, по натпреварот со Србија.

Останува по лекарските прегледи да се види дали Дувњак ќе биде во можност да им помогне на колегите од репрезентација до крајот на шампионатот. 

СП 2018: Тешка победа на Шпанија против Иран

  Шпанија со минимални 1:0 го совлада Иран синоќа во рамките на Б-групата на Светското фудбалско првенство во Русија.

Иако Шпанците влегоа како апсолутни фаворити во натпреварот многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во првиот дел Иран прикажа добра игра особено во одбраната, која Шпанија не успеа да ја пробие и полувремето заврши без голови.

Вториот дел беше многу подинамичен со повеќе шанси на двете страни. Во 54-та минута Диего Коста поентираше по лошата интервенција на еден од играчите на Иран и донесе водство за победа од 1:0 за Шпанија.

Во 63-та минута Езатолахи успеа да постигне погодок за израмнување, но по прегледувањето преку ВАР системот голот беше поништен.

Иранците до крајот на натпреварот уште неколку пати се обидоа да го загрозат голот на Шпанија, но изостана реализација.

По оваа победа Шпанија и Португалија имаат по четири бода, Иран остана на три, додека Мароко е без бодови. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

притисни ентер