Ѓоковиќ: Не сум 100 проценти здрав, но во мене гори стар оган

Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ информира дека не е 100 проценти здрав, но дека ситуацијата со повредената рака е подобрена и дека е пресреќен што ќе се врати на теренот на Австралија опен.

- Никогаш немав толку долга пауза и мило ми е што сум тука повторно. Ми недостигаа натпревари на големите турнири. Во исто време, имав во изминатите шест месеци многу време за моето семејство, бев во можност да се одморам и освежам. Сега повторно сум овде. Кај мене има страст за тенис и гори во мене стариот оган, рече Ѓоковиќ на прес-конференцијата во Мелбурн.

Тој дополни дека повредениот лакт не е сосема здрав, но е во состојба да биде конкурентен.

- Не знам како ќе бидам за време на турнирот, особено по пауза од шест месеци. Најважно е дека сторив се за да играм, потенцира шесткратниот шампион во Мелбурн.

Во првиот круг, ноќта помеѓу недела и понеделник, Србинот ќе игра против Доналд Јанг од САД. 

СП 2018: Тешка победа на Шпанија против Иран

  Шпанија со минимални 1:0 го совлада Иран синоќа во рамките на Б-групата на Светското фудбалско првенство во Русија.

Иако Шпанците влегоа како апсолутни фаворити во натпреварот многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во првиот дел Иран прикажа добра игра особено во одбраната, која Шпанија не успеа да ја пробие и полувремето заврши без голови.

Вториот дел беше многу подинамичен со повеќе шанси на двете страни. Во 54-та минута Диего Коста поентираше по лошата интервенција на еден од играчите на Иран и донесе водство за победа од 1:0 за Шпанија.

Во 63-та минута Езатолахи успеа да постигне погодок за израмнување, но по прегледувањето преку ВАР системот голот беше поништен.

Иранците до крајот на натпреварот уште неколку пати се обидоа да го загрозат голот на Шпанија, но изостана реализација.

По оваа победа Шпанија и Португалија имаат по четири бода, Иран остана на три, додека Мароко е без бодови. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

притисни ентер