Лазаров: Навивачите не понесоа кон победата

Капитенот на Македонија, Кире Лазаров триумфот над Словенија (25:24) го посвети на навивачите кои им дадоа голема поддршка на „црвено-жолтите“ во „Арена Загреб“.
- Уште на загревање кога истрчавме на паркетот ја почувствувавме поддршката од нашите верни навивачи кои поминаа голем пат да дојдат да не бодрат. Тие се клучниот фактор за нашата победа. Секако и ние на теренот имаме заслуга. Одигравме паметно кога се одлучуваше победникот. Ја задржавме топката до крај во последниот напад. Заслужено ги освоивме бодовите. Одиме малку да се одмориме и уште посилно против Црна Гора. Во никој случај не смееме да ги потцениме Црногорците, изјави Лазаров.

Тој со седум голови беше втор стрелец во нашиот тим, зад Дејан Манасков кој постигна осум голови, но капитенот имаше извонредни асистенции во неколку битни моменти./МИА

СП 2018: Тешка победа на Шпанија против Иран

  Шпанија со минимални 1:0 го совлада Иран синоќа во рамките на Б-групата на Светското фудбалско првенство во Русија.

Иако Шпанците влегоа како апсолутни фаворити во натпреварот многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во првиот дел Иран прикажа добра игра особено во одбраната, која Шпанија не успеа да ја пробие и полувремето заврши без голови.

Вториот дел беше многу подинамичен со повеќе шанси на двете страни. Во 54-та минута Диего Коста поентираше по лошата интервенција на еден од играчите на Иран и донесе водство за победа од 1:0 за Шпанија.

Во 63-та минута Езатолахи успеа да постигне погодок за израмнување, но по прегледувањето преку ВАР системот голот беше поништен.

Иранците до крајот на натпреварот уште неколку пати се обидоа да го загрозат голот на Шпанија, но изостана реализација.

По оваа победа Шпанија и Португалија имаат по четири бода, Иран остана на три, додека Мароко е без бодови. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

притисни ентер