ЗОИ 2018: Доминација на тинејџерката Клои во халфпајп

Американска сноубордистка Ким Клои на убедлив начин го освои златниот медал во дисциплината халфпајп со резултат 98.25 во финалето.
- Знаев дека нема да бидам задоволна да си одам дома без злато. Дадов се од себе да го завршам настапот со резултат кој ме искачи на тронот. Иако имав голем психолошки притисок успеав  и ми се оствари сонот, изјави 17-годишната Клои.

Второто место и припадна на Кинезинката Џиау Лиу со освоени 89.75, додека трето пласирана со освоен бронзен медал е за уште една натпреварувачка на САД – Ариел Голд со 85.75 бода. 

СП 2018: Тешка победа на Шпанија против Иран

  Шпанија со минимални 1:0 го совлада Иран синоќа во рамките на Б-групата на Светското фудбалско првенство во Русија.

Иако Шпанците влегоа како апсолутни фаворити во натпреварот многу потешко од очекуваното дојдоа до значајната победа и до трите бода.

Во првиот дел Иран прикажа добра игра особено во одбраната, која Шпанија не успеа да ја пробие и полувремето заврши без голови.

Вториот дел беше многу подинамичен со повеќе шанси на двете страни. Во 54-та минута Диего Коста поентираше по лошата интервенција на еден од играчите на Иран и донесе водство за победа од 1:0 за Шпанија.

Во 63-та минута Езатолахи успеа да постигне погодок за израмнување, но по прегледувањето преку ВАР системот голот беше поништен.

Иранците до крајот на натпреварот уште неколку пати се обидоа да го загрозат голот на Шпанија, но изостана реализација.

По оваа победа Шпанија и Португалија имаат по четири бода, Иран остана на три, додека Мароко е без бодови. 

СП 2018: Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и обезбеди пласман во осминафинале

Уругвај со минимални 1:0 ја совлада Саудиска Арабија во второто коло од групата А на Светското првенство во Русија.

Уругвајците ја забележаа втората победа на Мундијалот и обезбедија место во осминафиналето.

Стрелец на победничкиот гол беше Луис Суарез во 24-та минута, кој го искористи невниманието на одбрана на Саудиска Арабија.

Во останатиот дел од натпреварот Уругвајците успеаа да го обранат минималното водство доволно за победа.

Место во нокаут фазата од оваа група обезбеди и Русија, која исто така по двете кола освои максимални шест бода. /МИА

СП 2018: Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко

Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија.

Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо.

Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол.

Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку пати се обиде да го зголеми водството преку контранапади.

Мароко со два порази ги загуби шансите за пласман во следната фаза, а Португалија со четири освоени бода е на чекор од осминафиналето. /МИА

притисни ентер