Сите освојувачи на медали од четвртиот ден во Пјончанг

Четвртиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг донесе големи возбудувања, откако репрезентативците на Канада, Холандија и Олимписките спортисти од Русија освоија по три сета медали.
Денеска се појави и првиот Македонец на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. На квалификациската трка спринт класично на 1,4 км. Ставре Јада заврши на 80. место.
Освојувачи на медали од четвртиот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг (8 финалиња):
Сноуборд, „халфпајп“, жени:

1. Клоуи Ким (САД) - 98,25 поени
2. Џијау Лиу (Кина) - 89,75
3. Ариел Голд (САД) - 85,75

Ски-алпски дисциплини, комбинација, мажи:

1. Марсел Хиршер (Австрија) - 2: 06.52 минути
2. Алекси Пинтуро (Франција) - + 0,23 секунди
3. Виктор Муфе-Јанде (Франција) - + 1.02 секунди

Карлинг, мешани тимови:

1. Канада
2. Швајцарија
3. ОА Русија

Kласичен спринт, жени:

1. Стина Нилсон (Шведска) - 3: 03.84
2. Мајкен Каперен Фала (Норвешка) - 3: 06.87
3. Јулија Белорукова (ОА Русија) - 3: 07.21

Крос-кантри скијање, класичен спринт, мажи:

1. Јоханес Клаебо (Норвешка) - 3: 05.75
2. Федерико Пелегрино (Италија) - 3: 07,09
3. Александар Болшунов (ОА Русија) - 3: 07.11

Брзо лизгање, 1.500 метри, мажи:

1. Келд Нијс (Холандија) - 1: 44.01 минути
2. Патрик Руст (Холандија) - 1: 44.86
3. Ким Мин Сок (Република Кореја) - 1: 44.93

„Шорт-трек“, 500 метри, жени:

1. Аријана Фонтана (Италија) - 42.569 секунди
2. Јара ван Керкхоф (Холандија) - 43.256
3. Ким Бутен (Канада) - 43.881

Санка, жени:

1. Натали Гејзенбергер (Германија) - 3: 05.232 минути
2. Дијана Ајтбергер (Германија) - 3: 05.599
3. Алекс Гоф (Канада) - 3: 05.644.

Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги уште две години ќе остане на селекторското место во Шпанија, соопшти тамошниот фудбалски сојуз.

Поранешниот голман на „црвената фурија“ ќе продолжи да работи до следното Европско првенство.

- Ние напорно работиме две години. Сега ја продолжуваме истата приказна, изјави Лопетеги.

Пред да ја преземе селекторската функција, работел како тренер во Порто, Реал и Рајо Ваљекано, а беше и предводник на младите шпански селекции до 19, 20 и 21 година.

за Порта, но исто така и како младински селектор, младински избор на Шпанија (У19, У20, У21), другиот тим на Реал Мадрид и Рајо Валекано.

Во пресрет на Мундијалот во Русија, селекторскиот договор го продолжија и селекторите на Германија Јоаким Лев и на Белгија, Роберт Мартинез.

Ловрен: Подготвен сум да го сопрам Роналдо

 Дефанзивецот на Ливерпул Дејан Ловрен изјави дека е подготвен да го чува најдобриот играчи во светот, Кристијано Роналдо и да придонесе за победата на својот тим над Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Хрватскиот стопер често беше критикуван за пропусти, но со голема доза на доверба го чека мечот со Реал.

- Иако имаше лоша сезона во Примера, Роналдо постигна 30 голови, го почитуваат и е еден од најдобрите светски напаѓачи. Пред мене е предизвик, ама јас сум подготвен да го запрам, изјави Ловрен за британските новинари.

Ливерпул оваа сезона во Лигата на шампионите прими 13 гола, додека Роналдо постигна 15, погодуваше речиси на секој меч, освен на последниот против Баерн Минхен.

Финалето Реал Мадрид - Ливерпул ќе се игра в сабота (26 мај) на Олимпискиот стадион во Киев. 

Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

притисни ентер