Тотенхем си замина непоразен од Торино, Сити си поигра со Базел

Екипите на Јувентус и Тотенхем не се победија по првиот меѓусебен меч во 1/8-финалето во Лигата на шампионите, откако дуелот на „Алијанц“ стадионот во Торино заврши 2:2.

Двата тима одиграа спектакуларен дуел откако домаќините рано поведоа по два гола на Гонзало Игуаин во 2. и во 9. минута од пенал.
Сепак, „петлите“ ја вратија интригата преку гол на Хери Кејн во 35. минута, додека Кристијан Ериксон изедначи во 72. минута.
Домаќините можат да жалат што не постигнаа трет гол на крајот на првиот дел, кога добија втор пенал, но Игуаин ја погоди пречката.

Англичаните дефинитивно си заминаа позадоволни по ова реми, што е одличен резултат и им дава одлични шанси пред реваншот на „Вембли“.
Манчестер Сити пак продолжи со неверојатното претставување од почетокот на сезоната, откако запиша голем успех во првиот натпревар од осминафиналето против Базел со 4:0 како гостин и веќе може да размислува за следната фаза.

Два гола на Илкај Гундоган и по еден на Бернардо Силва и Серхио Агуеро ја покажаа очигледната разлика во класите во корист на „граѓаните“.

Тимот на Сити постигна три погодоци за 9 минути пред паузата и го решија мечот во своја полза.

Базел играше отворено и заслужи да стигне барем до почесен погодок, но напаѓачите ги пропуштија сите шанси пред голот на Едерсон. 

Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги уште две години ќе остане на селекторското место во Шпанија, соопшти тамошниот фудбалски сојуз.

Поранешниот голман на „црвената фурија“ ќе продолжи да работи до следното Европско првенство.

- Ние напорно работиме две години. Сега ја продолжуваме истата приказна, изјави Лопетеги.

Пред да ја преземе селекторската функција, работел како тренер во Порто, Реал и Рајо Ваљекано, а беше и предводник на младите шпански селекции до 19, 20 и 21 година.

за Порта, но исто така и како младински селектор, младински избор на Шпанија (У19, У20, У21), другиот тим на Реал Мадрид и Рајо Валекано.

Во пресрет на Мундијалот во Русија, селекторскиот договор го продолжија и селекторите на Германија Јоаким Лев и на Белгија, Роберт Мартинез.

Ловрен: Подготвен сум да го сопрам Роналдо

 Дефанзивецот на Ливерпул Дејан Ловрен изјави дека е подготвен да го чува најдобриот играчи во светот, Кристијано Роналдо и да придонесе за победата на својот тим над Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Хрватскиот стопер често беше критикуван за пропусти, но со голема доза на доверба го чека мечот со Реал.

- Иако имаше лоша сезона во Примера, Роналдо постигна 30 голови, го почитуваат и е еден од најдобрите светски напаѓачи. Пред мене е предизвик, ама јас сум подготвен да го запрам, изјави Ловрен за британските новинари.

Ливерпул оваа сезона во Лигата на шампионите прими 13 гола, додека Роналдо постигна 15, погодуваше речиси на секој меч, освен на последниот против Баерн Минхен.

Финалето Реал Мадрид - Ливерпул ќе се игра в сабота (26 мај) на Олимпискиот стадион во Киев. 

Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

притисни ентер