Зидан не чувствува дополнителен притисок пред дуелот со ПСЖ

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кажа дека целата концентрација му е насочена на вечерашната пресметка со ПСЖ во Лигата на шампионите и дека не размислува за други работи.

„Кралскиот клуб“ ги загуби речиси сите шанси да освои трофеј во Шпанија, па им преостанува сезоната да ја спасат преку Лигата на шампионите, а тамошните медиуми шпекулираат дека ова е последна прилика Зидан да го зачува тренерското место.

- Не постои дополнителен притисок во овој момент. Се подготвуваме како што го правиме тоа секогаш. Јас во моментов сум фокусиран на мечот и  не размислувам за размислувам за мојата иднина. Секој тренинг, секој натпревар одлучува што ќе се случи. Мојата иднина не е клучна, Реал е најважен. Ние не сме оптоварени, ние ги сакаме овие натпревари, изјави Зидан.

Натпреварот Реал Мадрид – Пари Сен Жермен се игра вечер со почеток од 20:45 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на осминафиналната пресметка од ЛШ. 

Лопетеги останува селектор на Шпанија до 2020 година

Хулен Лопетеги уште две години ќе остане на селекторското место во Шпанија, соопшти тамошниот фудбалски сојуз.

Поранешниот голман на „црвената фурија“ ќе продолжи да работи до следното Европско првенство.

- Ние напорно работиме две години. Сега ја продолжуваме истата приказна, изјави Лопетеги.

Пред да ја преземе селекторската функција, работел како тренер во Порто, Реал и Рајо Ваљекано, а беше и предводник на младите шпански селекции до 19, 20 и 21 година.

за Порта, но исто така и како младински селектор, младински избор на Шпанија (У19, У20, У21), другиот тим на Реал Мадрид и Рајо Валекано.

Во пресрет на Мундијалот во Русија, селекторскиот договор го продолжија и селекторите на Германија Јоаким Лев и на Белгија, Роберт Мартинез.

Ловрен: Подготвен сум да го сопрам Роналдо

 Дефанзивецот на Ливерпул Дејан Ловрен изјави дека е подготвен да го чува најдобриот играчи во светот, Кристијано Роналдо и да придонесе за победата на својот тим над Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Хрватскиот стопер често беше критикуван за пропусти, но со голема доза на доверба го чека мечот со Реал.

- Иако имаше лоша сезона во Примера, Роналдо постигна 30 голови, го почитуваат и е еден од најдобрите светски напаѓачи. Пред мене е предизвик, ама јас сум подготвен да го запрам, изјави Ловрен за британските новинари.

Ливерпул оваа сезона во Лигата на шампионите прими 13 гола, додека Роналдо постигна 15, погодуваше речиси на секој меч, освен на последниот против Баерн Минхен.

Финалето Реал Мадрид - Ливерпул ќе се игра в сабота (26 мај) на Олимпискиот стадион во Киев. 

Вест Хем го промовира Пелегрини

Мануел Пелегрини од денеска и официјално е нов менаџер на премиерлигашот Вест Хем.

Чилеанецот и клубот од Лондон постигнаа договор за тригодишна соработка.

Сите детали биле договорени вчеравечер, по што двете страни го потпишале договорот, објавија англиските медиуми.

Пелегрини на клупата на Вест Хем ќе го наследи Дејвид Мојс кој си замина по само шест месеци, откако клубот сезоната ја заврши на 13. место.

Претходните две години чилеанскиот фудбалски стручњак го предводеше кинески Хебеј. Во Премиер лигата пред четири години со Манчестер Сити го освои шампионскиот трофеј.

притисни ентер