Дани Алвеш: Фудбалот стана бизнис, а Нејмар е дете

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Дани Алвеш, смета дека веќе фудбалот не се игра од љубов, туку исклучително за пари.

- Фудбалот го губи оној дух кој ме инспирираше да станам играч. Денешниот фудбал стана бизнис, истакна Алвеш.

Бразилскиот фудбалер наведува дека е среќен поради фактот дека неговите деца не се заинтересирани за фудбалот, бидејќи тоа станува работа и се помалку се ужива во него.
- Дојдов во Париз поради проект, бидејќи луѓето кои ме ангажираа веруваа во мене. Сепак ми се чини дека парите вложени за мојот ангажман да му помогнам на клубот да ги оствари целите, не одговараат на мојата реална вредност, потенцира 34-годишниот фудбалер.

Според Алвеш неговиот клупски колега и најскап фудбалер во светот Нејмар е незрел и не може да се носи со некои проблеми.

- Луѓето мислат дека Нејмар е марионета. Не, тој е само дете кое расте. Се уште е во процес на развој, не е созреан доволно да се носи со одредени проблеми. Што помалку важност ќе им придава на тие нешта, тоа подобро за него. Мора да се посвети на нешто друго. Нејмар мора да еволуира, нагласува бразилскиот фудбалер.

Алвеш смета дека во ПСЖ нема енергија која ги поврзува луѓето, недостига хемија и сето тоа се забележува на теренот./МИА

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер