Мурињо: Нема да претеруваме со трошоци за трансфери

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека во преодниот период нема да претеруваат со трошење финансии на фудбалери за зајакнување.
Мурињо за две години на „Олд Трафорд“ потроши 300 милиони фунти, а со Ромелу Лукаку и Пол Погба своевремено направи едни од најскапите трансфери.
Но, Јунајтед викендов беше поразен од Вест Бромвич и практично му ја подари титулата на Манчестер сити.
- Нема да трошиме повеќе од тоа што можеме. Нема да „лудуваме“, но ќе пробаме да го подобриме тимот. Тоа е она што ќе се обидеме да го направиме. Минатата сезона бевме шести, оваа година се надевам дека ќе останеме втори, истакна Мурињо.

Португалскиот фудбалски стручњак во овој контекст не заборави да додаде дека нивниот ривал Сити располага со многу поголемо количество на пари.

- Следната година ќе пробаме да напредуваме, но ќе видиме што ќе се случи. Можеби Сити ќе вложи огромни средства и нема да им дозволи на другите да им се приближат, истакна тренерот на Јунајтед.

Мурињо со Манчестер јунајтед се обидува да ја освои првата титула по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон, кој во 2013 година го донесе последниот трофеј на „Олд Трафорд“./МИА

Ливерпул понуди рекордни 70 милиони евра за Алисон

Финалистото во Лигата на шампионите, англискиот гигант Ливерпул ја направи својата прва понуда за голманот на Рома,Бразилецот  Алисон Бекер. 

Според италијанските медиуми, предлогот е рекордно за голман и е во износ од 70 милиони евра (62 милиони фунти), откако 10 милиони од нив се во форма на бонуси. Другиот клуб кој се очекува да влезе во битка за Бразилецот е Челзи.

Претходно денеска, најпопуларниот италијански новинар Џанклука Ди Марцио откри дека агентот на Бразилецот, Зе Марија Неис ќе се сретне денеска со раководството на Рома, за да ја изјави јасно желбата на својот клиент да биде продаден во друг клуб.

Според „Ил Месаџеро“, Рома сака за Алисон 90 милиони евра. Оваа сума нема да биде платена од Ливерпул, а „црвените“ се надеваат дека ќе успеат да го убедат италијанскиот клуб да ја намали цената.

Две активности на социјалните мрежи поттикнаа понатамошни шпекулации. Алисон ги отстранил информациите за Рома од неговиот профил на Инстаграм. Истовремено во истата мрежа се појави фотоколаж, на кој Алисон е облечен со половина дрес на Ливерпул. Зе Марија Неис ставил „лајк“ на предметната слика, што предизвика еуфорија меѓу навивачите на Ливерпул.

Претходно се тврдеше дека Алисон може да се смета за сигурно ново засилување на Реал Мадрид. Последните информации од Шпанија сепак се дека „белите“ наскоро ќе се обидат да го привлечат голманот на Челзи, Тибо Куртоа.

Реал Мадрид го оцени Ковачиќ на 90 милиони евра

 Менаџерот на Реал Мадрид постави многу висока цена за Матео Ковачиќ, која моментално ги одбива кандидатите за Хрватот, тврди „Скај Спорт“. 

„Кралскиот“ клуб ставил цена на играчот од средниот од 90 милиони евра. Каталонското издание „Мундо Депортиво“ ја споредува со цената на Кристијано Роналдо - 100 милиони плус бонуси.

Пеп Гвардиола сакаше да го доведе Хрватот во Манчестер Сити, но високите финансиски барања на „Сантијаго Бернабеу“ го откажаа. 

Самиот играч има желба да се раздели со белиот дрес, бидејќи тој не е главната фигура во европскиот шампион.

Венгер: Предолго останав во Арсенал

Францускиот фудбалски стручњак, Арсен Венгер смета дека направил грешка со тоа што предолго останал во Арсенал и на тој начин станал заробеник на сопствените амбиции.

Венгер на крајот од сезоната по 22 години си замина од лондонскиот клуб.

-  Најголемата грешка во мојата кариера е можеби тоа што останав во ист клуб цели 22 години. Сакам да сум во движење и сакам предизвици, но во Арсенал станав заробеник на сопствените амбиции, истакна фудбалскиот стручњак.

Toj со Арсенал освои три титули во Премиер лигата, во 2006 година играше во финалето на Лигата на шампионите, а ФА купот го освои седум пати. 

притисни ентер