Пари и љубов

Серијата добитничка на многу интернационални награди за најдобра актерка, актер, музика... Серијата која покрај неодоливите актери Туба и Енгин (ѕвездите на мега-хитовите "Аси" и "Фатмаѓул") ги покори и најголемите противници на турски серии и освои

Омер и Елиф се главните протагонисти во серијата која совршено му прилега на времето што го живееме, времето во кое парите се над љубовта.

  Омер е полициски службеник со високи идеали за мир и бескомпромисна борба со криминалот. Го живее најсреќниот дел од својот живот. Награден е за посебен придонес во акција за спасување на деца и се подготвува за свадба со својата свршеница Сибел која по професија е учителка, живее скромно исто како и Омер, и делат исти идеали...

   Елиф е една од трите ќерки на милионерот Ахмет, дизајнерка на накит која работи во Рим. Вратена е во Истанбул на инсистирање на нејзиниот татко, за да го прослави роденденот дома, со пријателите и во кругот на семејството. Се' изгледа како на среќата да и нема крај!

    Одеднаш, на две сосема различни страни од градот, Омер добива повик дека треба да започне истрага за убиство, а Елиф пак, повик дека татко и' е убиен...

Како е возможно свршеницата на Омер и таткото на Елиф да бидат пронајдени мртви во исто возило, кога никој за нив нема никакви претходни сознанија дека воопшто и се познавале?... Зарем е можно навидум скромната свршеница на Омер, да имала љубовник, а тој наивно да и верувал дека е единствен во нејзиниот живот?... Каква врска може да има милионерот со учителката, па и во нејзиниот дом, и во автомобилот во кои се пронајдени убиени, да бидат пронајдени исти дијаманти?

Срушени светови, исчезнати дијаманти, серија мистерии и неодговорени прашања... Потрагата по вистината ќе ги спои Омер и Елиф во романтична и страсна љубовна врска која никого нема да остави рамнодушен... Акција, драма, романса! "Пари и љубов", од понеделник до петок на Канал 5!

притисни ентер