,, Дадилката од соништата “ осудена на доживотен затвор(ВИДЕО)

Дадилката која ги закла двете деца , што ги чуваше , е осудена на доживотен затвор.

Поранешната дадилка , која во луксузен стан во Њујорк ги закла шестгодишната Луција Крим и нејзиното двегодишно братче Лео , денеска е осудена.

Таа ќе нема право на условно пуштање на слобода за време на затворската казна, реши судот кој ја отфрли жалбата на адвокатот на  56 годишната Јослин Ортега дека била психички болна. Дадилката , која во када ги заклала децата додека ги чувала им се извини на родителите , плачејќи додека преведувачот од шпански ги кажуваше нејзините зборови за покајување.

,,Барам прошка од Господ , од Марина и од Кевин . Барем да им кажеше моето семејство дека не се чуствував најдобро .”, рече дадилката .  Но , тоа не го трогна судијата , кој ја претстави како ,,чисто зло”.

Злосторството се случи на 25 октомври , кога мајката на децата , Марина Крим се вратила од работа и ги нашла телата на своите деца во кадата , додека над нив стоела дадилката со намера да се убие.

Ортега во одбраната изјави дека се сеќава на убиството , но во тој момент не била при себе. Таа потекнува од Доминиканската Република и на семејството Крим им се чинела како ,,совршена дадилка”. Никогаш не доцнела , извршувала се што ќе побарала газдарицата, никогаш ништо не барала , па ниту зголемување на платата.

Довербата на семејството Крим во дадилката одела дотаму што во 2012 отпатувале во Доминиканската Република во посета на семејството Ортега , каде два дена биле на гости.

Ирски волонтер заврши во 18- месечен грчки притвор

Волонтер од Ирска , 24 – годишниот Шон Биндер со уште двајца активисти е во 18 месечен притвир во Грција , поради помагање на мигранти.

24- годишниот Ирец , чија мајка веќе неколку месеци патува на релација Даблин- Атина , во обид да го извлече синот , кој од август е притворен на грчкиот остров Хиџ. За него има само кривична пријава , а веќе неколку месеци е во притвор заедно со Сара Мардини и Насос Каракитсос , под сомнение дека криумчареле мигранти.

,, Има толку лоши луѓе на слобода , а овие деца , кои ништо не направиле , се во затвор. Тоа не е фер.” , вели мајката на Шон за американските медиуми.

Тие се волонтери на организацијата Emergency Response Centre International (ERCI) и се во притвор додека трае истрагата.

Ова е само еден од случаите на справување со напливот на мигранти и нивно криумчарење што ги спроведува Грција и Италија за да се намали притисокот на бегалци од Африка и Азија.

Путин го провозе египетскиот претседател во новиот ,,ѕвер” (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се најде во улога на личен возач на египетскиот претседател Абдел фатах ел Сиси.

Невообичаениот настан се случи во руското одморалиште Сочи , на Црното Море, каде Путин го пречека својот египетски гостин. Тој му се пофали со новата лимузина и го провоза ,,едно кругче” по тркачката патека на Автодромот.

Лимузината на Путин ,,Сенат” , од рускиот производител Аурус е вистински ,,ѕвер”. Има 4.4 литарски V8 хибриден погон , со што неколкутонскиот автомобил постигнува брзина од 0-100 Км/час за само 6 секунди.

Хуманитарна трка во Скопје за заболените од Вилсоновата болест

Вилсонова болест – уште една во долгата листа на ретка болест за која мал број на граѓани слушнале, а голем број доктори во земјава тешко можат да ја дијагностицираат.

Кај овие лица се нарушува метаболизмот и предизвикува таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите. Процесот може да трае и со години, уште пред да се појават првите симптоми. Во Македонија има 25 лица заболени од Вилсон.

Кај пациентите со ретки болест не е проблем само навремена детекција – проблем е и терапијата. Голем број лица чекаат и до 6 месеци за лековите кои им се неопходни.

Денешната хуманитарна трка „Подај рака 218“ во Скопје се одржува по четврти пат за овие заболени лица. Организаторите посочија дека со парите од учество за оваа трка ќе бидат организирани каравани низ повеќе градови во земјата – со цел да ги запознаат матичните лекари со симптомите и начините за рано детектирање на Вилсоновата болест.

притисни ентер