Плавевски и Пренџова добитници на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Владимир Плавевски за збирката раскази „Момини солзи“ е добитник на наградата „Крсте Чачански“, а Елена Пренџова ќе ја добие наградата „Јован Котески“ за поетската збирка „Шшш....“ (интермистичка вибер поезија).

Наградите годинава по осми пат ги доделува Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга. 

Во образложението на жири комисијата за книгата „Момини солзи“ се наведува дека станува збор за уметничко дело во кое реализмот и магичниот реализам меѓусебно не си противречат, туку се надополнуваат и отвораат видици што поттикнуваат восхит.

Книгата „Шшш...“ на Пренџова е љубовна поезија која содржински и визуелно создава искрена доживеана поетска книжевна творба.

Досегашни добитници на наградата „Крсте Чачански“ се Христо Петрески, Милован Стефановски, Петре Димовски, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Васил Тоциновски и Стефан Марковски, а на наградата „Јован Котески“ се Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Витомир Долински, Христо Петрески,Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Зоран Јакимоски. 

Меркел: Нема промени на границите на Балканот

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан е неприкосновен.

Со оваа изјава , објавена на сајтот на германската Влада , Меркел ги отфрли сите настојувања да се ревидираат границите повлечени по војните на Балканот.

,,Територијалниот интегритет на државите од Западен балкан е дефиниран и неприкосновен. Тоа повторно мора да се повторува , зашто секогаш наново има настојувања за можеби уште ееднаш да се разговара за границите . Тоа не можеме да го направиме.”, изјави Меркел по состанокот со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина , Денис Звиздиќ.

Трамп остро кон писателката на книга за него: Таа е мрдната

Американскиот претседател Доналд Трамп на твитер остро ја искритикува авторката на книгата за него .

Трамп преку твитер со навредливи зборови ја нападна авторката на книгата , која го рпетставува него во негативно светло . Авторка на книгата е неговата поранешна советничка Омароса Маниго Њумен.

Трамп ја нарече авторката ,,мрдната” и вели дека шефот на кабинетот на Белата куќа за неа рекол дека е ,,губитничка”.

Со експлозивна направа погоден турскиот конзулат

Маж фрлил експлозивна направа кон турскиот конзулат во Амастердам.

Холандската полиција приведе маж , кој фрлил експлозивна направа кон зградата на турскиот конзулат. Направата била рачно изработена. Полицијата соопшти дека 34 годишен државјанин на Холандија одбива да даде изјава за инцидентот што се случил во саботата вечерта.

Според медиумит е, полицијата стрелала во воздух за да го уапси мажот, чиј идентитет не се соопштува.

Турскиот се наоѓа веднаш покрај американскиот конзулат во Амстердам. Првата експлозивна направа се запалила и паднала во дворот на конзулатот , а бил фрлен и еден молотов коктел што не се запалил .  

притисни ентер