Ова не е поле со цвеќиња: Запрепастувачка снимка која го обиколи светот (видео)

Доколку помисливте во првите кадри на оваа снимка дека гледате поле со цвеќиња, тогаш сте во голема заблуда. 

Станува збор за “гробишта“ за велосипеди во градот Вухан во Кина.

Услугата на делење велосипеди, која моментално цвета во оваа земја, доведе до некои негативни последици.

Секој жител на Кина со едноставна употреба на апликација на смартфон може да изнајми велосипед (цената на изнајмување чини 1 јуан, односно 0.15 долари од час), а луѓето ги оставаат на најразлични можни места.

И додека поедини компании, за да се пробијат на пазарот, произведуваат милиони велосипеди секој ден, властите неретко после пронаоѓањето на улица ги конфискуваат и ги испраќаат на депонија.

Една од најтажните работи е тоа што во голем број на случаи станува збор за нови велосипеди, пишува „Бизнис инсајдер“.

 

Ирски волонтер заврши во 18- месечен грчки притвор

Волонтер од Ирска , 24 – годишниот Шон Биндер со уште двајца активисти е во 18 месечен притвир во Грција , поради помагање на мигранти.

24- годишниот Ирец , чија мајка веќе неколку месеци патува на релација Даблин- Атина , во обид да го извлече синот , кој од август е притворен на грчкиот остров Хиџ. За него има само кривична пријава , а веќе неколку месеци е во притвор заедно со Сара Мардини и Насос Каракитсос , под сомнение дека криумчареле мигранти.

,, Има толку лоши луѓе на слобода , а овие деца , кои ништо не направиле , се во затвор. Тоа не е фер.” , вели мајката на Шон за американските медиуми.

Тие се волонтери на организацијата Emergency Response Centre International (ERCI) и се во притвор додека трае истрагата.

Ова е само еден од случаите на справување со напливот на мигранти и нивно криумчарење што ги спроведува Грција и Италија за да се намали притисокот на бегалци од Африка и Азија.

Путин го провозе египетскиот претседател во новиот ,,ѕвер” (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се најде во улога на личен возач на египетскиот претседател Абдел фатах ел Сиси.

Невообичаениот настан се случи во руското одморалиште Сочи , на Црното Море, каде Путин го пречека својот египетски гостин. Тој му се пофали со новата лимузина и го провоза ,,едно кругче” по тркачката патека на Автодромот.

Лимузината на Путин ,,Сенат” , од рускиот производител Аурус е вистински ,,ѕвер”. Има 4.4 литарски V8 хибриден погон , со што неколкутонскиот автомобил постигнува брзина од 0-100 Км/час за само 6 секунди.

Хуманитарна трка во Скопје за заболените од Вилсоновата болест

Вилсонова болест – уште една во долгата листа на ретка болест за која мал број на граѓани слушнале, а голем број доктори во земјава тешко можат да ја дијагностицираат.

Кај овие лица се нарушува метаболизмот и предизвикува таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите. Процесот може да трае и со години, уште пред да се појават првите симптоми. Во Македонија има 25 лица заболени од Вилсон.

Кај пациентите со ретки болест не е проблем само навремена детекција – проблем е и терапијата. Голем број лица чекаат и до 6 месеци за лековите кои им се неопходни.

Денешната хуманитарна трка „Подај рака 218“ во Скопје се одржува по четврти пат за овие заболени лица. Организаторите посочија дека со парите од учество за оваа трка ќе бидат организирани каравани низ повеќе градови во земјата – со цел да ги запознаат матичните лекари со симптомите и начините за рано детектирање на Вилсоновата болест.

притисни ентер