Симеоне: Успехот во ЛЕ е повеќе од трофеј

Тренерот на Атлетико Мадрид поради суспензија не можеше од клупата да го предводи својот тим во финалето на Лигата на Европа, но тоа не беше пречка неговите избраници на доминантен начин да стигнат до трофејот.

Шпанците синоќа со убедливи 3:0 го совладаа Олимпик Марсеј, а по освојувањето на титулата Симеоне му оддаде признание на неговиот тим и на Фернанд Торес, кој наскоро ќе го напушти клубот.

- Ова беше една сезона полна со предизвици, и мислам дека успехот во Лига Европа, е повеќе од трофеј. Зад нас останува напорна работа и огромна посветеност која е наградена со оваа голема победа. Сепак, сезоната не е завршена. Ние сакаме да победиме на последниот натпревар и да ја обезбедиме втората позиција на табелата, истакна аргентинскиот стручњак.

Тој упати посебна благодарност до Фернандо Торес кој наскоро го напушта Атлетико.

- Торес ја симболизира нашата филозофија. Остави голем наследство на овој тим. Се надевам дека во недела ќе добие испраќање какво што заслужува, потенцира Симеоне. 

Барселона и Нејмар ги продолжуваат судските битки

Барселона и Нејмар продолжуваат со судските битки и во позадина на ова, евентуалното враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“ се чини малку веројатно, тврди „АС“.

Поранешниот играч на каталонците претендира за исплата на бонус во висина од 28,6 милиони евра, кои требало да ги добие за потпишувањето на договорот со Барселона во јули 2016 година. Каталонците, сепак, бараат надомест од 75 милиони евра.

Во летото минатата година, Нејмар беше привлечен од Пари Сен Жермен, кој ја плати неговата клаузула за предвремено раскинување на договорот во износ од 222 милиони евра. Според информација на „АС“, Нејмар требало да добие 40 милиони евра од Барселона поради обновувањето на неговиот договор. Овој износ беше поделен на две транши. Првата од 14 милиони Нејмар ја добил , а вториот дел требаше да се плати една година подоцна непосредно пред да замине од Париз, но тоа не се случи.

Бразилецот, исто така, бара компензација за одложувањето во размер од 2,6 милиони евра. Барселона, сепак, поднесе против-барање за 75 милиони евра, кои вклучуваат и 9 милиони за раскинување на договорот. 

„Билд": Венгер ќе го замени Ковач на чело на Баерн

 Во Минхен денеска ќе се одржи вонредна прес-конференција на Баерн, на која се очекува да биде објавено разрешувањето на тренерот Нико Ковач и неговата замена со Арсен Венгер, соопшти „Билд“.

Францускиот стратег неодамна потврди дека планира да започне со работа на 1 јануари. Тој 22 години беше менаџер на лондонски Арсенал и го напушти клубот по крајот на минатата сезона. Баерн Минхен моментално е само шести во Бундеслигата, заостанувајќи четири поени од Борусија Дортмунд.

Во Лигата на шампионите Баварците освоија четири поени во два натпревара и се втори во групата „Е“. Досега тие се во серија од четири натпревари без победа на различни турнири.

На денешната прес-конференција ќе присуствува и претседателот на управата на Баерн, Карл-Хајнц Румениге и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. 

ЦСКА Москва со трета победа во Евролигата

 Екипата на ЦСКА Москва ја забележа третата последователна победа во кошаркарската Евролига по успехот над турскиот тим Дарушафака со 79:75.

„Армејците“ губеа со седум поени на полувремето, но тие одиграа многу силна трета четвртина, во која поведоа и го задржаа водството до крајот. 

Со победата, ЦСКА е на врвот на табелата со шест поени.

Барселона, пак, го совлада Баерн Минхен со 83:73 во уште еден натпревар од третиот круг. Анте Томиќ постигна 18 поени за Барса, а за Баварците со 16 поени заврши Ло Маодо.

За Барселона ова е прва победа во првите три натпревари од Евролигата и тимот го зазема седмото место на табелата. Баерн има слични индикатори и е на деветата позиција.

Панатинаикос ја победи Гран Канарија со 102:87. Дуелот беше изедначен само во првиот дел, по што Грците направија солидно водство, кое го одржуваа до крај. Кит Лангфорд и Лукас Лекавикус постигнаа 16 поени за победата.

Макаби Тел Авив ја забележа првата победа за сезоната по 78:68 над Будуќност. Скоти Вилбакин постигна 28 поени за Макаби.

Натпревари од 3.коло во Евролига:

ЦСКА Москва - Дарушафака 79:75

Будуќност - Макаби Тел Авив 68:78

Панатинаикос - Гран Канарија 102:87

Барселона - Баерн Минхен 83:73.

притисни ентер