Видео: Започна да се остварува најлошото сценарио, Вулканот на Хаваи пред експлозија

Започна да се остварува она на што геолозите предупредуваа, вулканот на Хаваи почна да „исфрла проектили“ со големина на микробранова печка.

Многу извесно е дека вулканот и ќе експлодираа сметаат геолозите.

Доколку се исполнат предупредувањата на вулканолозите, вулканот Килауе на Хаваите, кој веќе десетина дена исфрла лава, ќе влезе во фаза на експлозивни ерупции со кои ќе исфрла огромни количини на пепел и камења во воздухот.

Според наводите на Ројтерс, размерите на  таквите ерупции не се забележани уше од минатиот век.

-Се очекуваат уште експлозии и тие ќе бида се посилни и посилни, информираат од Американскиот геолошки институт. Според нив , вулканот  ќе исфрла во воздухот  огнени топки тешки и по неколку тони кој ќе претставуваат опасност за авионите.  По експлозиите вулканскиот пепел би можел да стигне и до 6 километри во воздухот.

Токму поради активноста на вулканот, на Хаваи константно се бележат силни земјотреси.

Жерновски: Република Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО

Силната посветеност на Владата, упорноста и политичката енергија во напорите да ги реализираме стратешките интереси на нашата земја, беа препознаени од нашите НАТО и ЕУ партнери.

 На состанокот на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба, денеска на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки и набљудувачи на Повелбата беше усвоено заедничко коминики, каде се поздравува историскиот договор меѓу Македонија и Грција, со акцент дека истиот и го отвора патот на земјата кон членство во НАТО и Европската Унија.

Во соопштението се поздравува одлуката на Алијансата да ја покани Македонија да ги започне пристапните разговори за членство на земјата во НАТО, честитајќи за преземените чекори на земјата за спроведување на пристапниот процес и успешно завршување на пристапните разговори на Македонија со Алијансата.

Министрите упатија охрабрување за натамошната имплементација на на чекорите што следат, со што ќе се овозможи членство на Република Македонија во НАТО.

Истакнувајќи го значењето од приемот на Македонија во НАТО, како 30-та земја членка на Алијансата, министрите во комуникето се заложија за натамошна силна поддршка, со уверување дека со членството на земјата во НАТО значително ќе се придонесе за регионалната безбедност и стабилност.

Заменик министерот за надворешни работи на Андреј Жерновски, при неговото излагање, ја истакна важноста на зајакнатата меѓусебна соработка, акцентирајќи ја потребата за унапредување на комуникацијата и натамошната заедничка поддршка како одговор на новите безбедносни предизвици.

– Силната посветеност на Владата, упорноста и политичката енергија во напорите да ги реализираме стратешките интереси на нашата земја, беа препознаени од нашите НАТО и ЕУ партнери и затоа Република Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО, истакна Жерновски.

Министрите кои присуствуваа на состанокот, како и Жерновски остварија средба и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, каде се разговараше за актуелната политичка состојба во регионот и безбедносните предизвици со кои се соочува.

Присутните ја реафирмираа потребата и подготвеноста за зајкнување на меѓусебна соработка и заедничките напори за иден придонес кон обезбедување на натамошна безбедност и стабилност во регионот.

Следна земја претседавач со САД -Јадранската повелба ќе биде Албанија. 

Американскиот заменик државен секретар Саливан во Македонија

Соединетите Држави стојат зад спроведувањето на договорот од Преспа и членство на земјава во ЕУ и НАТО – ова е пораката која од Владата ја упати заменикот државен секретар на САД Џон Саливан.

 Евроатланската интеграција на земјава, за него е гаранција за посигурна и постабилна иднина, за која кажа дека нема алтернатива.

Саливан ги повика и пратениците во парламентот да ги тргнат на страна партиските интереси и да гласаат за уставните измени.

Посета на Саливан, за премиерот Заев е доказ за поддршката која Македонија ја добива изминатиот период од  соединетите држави, на нејзиниот евроатлански пат.  На средбата со заменикот државен секретар на САД, Заев кажа дека нагласил дека се создава политички амбиент за спроведување на преспанскиот договор.

Саливан како и неговите претходници не го избегна прашањето за евентуално руско влијание во регионот, за кое рече дека е малигно и мора да се спречи. Русија како што кажа тој, ќе се обиде да го спречи и поткопа процесот на имплементација на договорот од Преспа, но нагласи дека САД стојат со Македонија.

Посетата на Саливан, сепак и овој пат не помина без технички грешки во медија центарот на Владата, и овој пат како и во неколку други наврати имаше проблеми со преводот.

Посетата на заменик државниот секретар на САД Џон Саливан на земјава е највисоката на функционер од Стејт Департментот по 2001 година.

СЕММ иницира формирање мрежа за справување со говорот на омраза во медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска иницира формирање мрежа за справување со говорот на омраза во медиумите.

На денешната средба во хотелот „Мериот" во Скопје, како што информираат од СЕММ, присуствувале претставници на професионалните медиумски и новинарски здруженија, државни тела за заштита на човековите права, државни и регулаторни тела и граѓански организации.

– Процесот за приклучување кон иницијативата е отворен за сите заинтересирани организации, здруженија, институции и медиуми кои работат на јазиците на различните заедници, велат од СЕММ.

Заинтересираните може да се обратат до СЕММ како координатор на иницијативата.

притисни ентер