Лидерите на ЕУ очекуваат Заев и Ципрас да го забрзаат процесот

Втора  тет-а-тет средба на македонскиот премиер Заев и неговиот грчки колега Ципрас.

Разговорите  започнаа претпладнево , во Софија, на маргините од самитот ЕУ- западен Балкан.

 Потврда на досега договореното, поддршка за продолжување на процесот, како и обиди за приближување на позициите во однос на спорните прашања, опсегот на употреба и измените на македонскиот устав, се темите за кои станало  збор на тет-а-тет средбата меѓу двајцата премиери, и потпишување на договорот во Преспа.

Самитот во Софија го следи нашиот специјален известувач Александар Видиновски.

Премиерот Заев е предвидено во 14:00 часот по бугарско време да даде изјава за македонските медиуми, кои го следат самитот.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Меркел: Нема промени на границите на Балканот

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан е неприкосновен.

Со оваа изјава , објавена на сајтот на германската Влада , Меркел ги отфрли сите настојувања да се ревидираат границите повлечени по војните на Балканот.

,,Територијалниот интегритет на државите од Западен балкан е дефиниран и неприкосновен. Тоа повторно мора да се повторува , зашто секогаш наново има настојувања за можеби уште ееднаш да се разговара за границите . Тоа не можеме да го направиме.”, изјави Меркел по состанокот со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина , Денис Звиздиќ.

Трамп остро кон писателката на книга за него: Таа е мрдната

Американскиот претседател Доналд Трамп на твитер остро ја искритикува авторката на книгата за него .

Трамп преку твитер со навредливи зборови ја нападна авторката на книгата , која го рпетставува него во негативно светло . Авторка на книгата е неговата поранешна советничка Омароса Маниго Њумен.

Трамп ја нарече авторката ,,мрдната” и вели дека шефот на кабинетот на Белата куќа за неа рекол дека е ,,губитничка”.

Со експлозивна направа погоден турскиот конзулат

Маж фрлил експлозивна направа кон турскиот конзулат во Амастердам.

Холандската полиција приведе маж , кој фрлил експлозивна направа кон зградата на турскиот конзулат. Направата била рачно изработена. Полицијата соопшти дека 34 годишен државјанин на Холандија одбива да даде изјава за инцидентот што се случил во саботата вечерта.

Според медиумит е, полицијата стрелала во воздух за да го уапси мажот, чиј идентитет не се соопштува.

Турскиот се наоѓа веднаш покрај американскиот конзулат во Амстердам. Првата експлозивна направа се запалила и паднала во дворот на конзулатот , а бил фрлен и еден молотов коктел што не се запалил .  

притисни ентер