Мурињо: Продажбата на Роналдо е табу тема во Реал

Тренерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо смета дека Реал Мадрид во ниту една опција не би го продал Кристијано Роналдо.

Најдобриот фудбалер на мадридскиот клуб има договор до 2021 годинa, односно се до неговата 36 година.

Мурињо, кој три години беше тренер на Реал, е уверен дека Роналдо ќе остане во Мадрид до крајот на договорот.

- Реал нема да го продаде, тоа е забранета тема. Ќе остане до оној момент, кога ќе одлучат да го пуштат, а потоа ќе отиде на една година во Америка или на некое друго место каде што ќе може да ужива, истакна Мурињо.

Фудбалскиот стручњак откри дека бил близу до преземање на селекторската функција во репрезентацијата на Португалија и тоа во периодот додека бил тренер на Реал.

- Речиси ќе прифатев, но Флорентино Перез не ми дозволи, бидејќи мислеше дека позицијата тренер во Реал не е компатибилна со селекторската функција, истакна Мурињо.

Португалската репрезентација од 2014 година ја предводи Фернандо Сантош. /МИА

Давид Силва се повлече од шпанската репрезентација

Фудбалерот Давид Силва соопшти дека се повлекува од шпанската репрезентација.

Силва во дресот на Шпанија одигра 125 натпревари, а дебитираше во 2006 година и по 12 години ја завршува репрезентативната кариера.

- Размислував долго и не беше лесно да се донесе оваа одлука. Националниот тим ми даде многу и ми помогна да созреам како фудбалер и како личност, истакна 32-годишниот фудбалер.

Фудбалерот на Манчестер сити беше дел од славната генерација на шпанската репрезентација, која ги освои Европските првенства во 2008 и 2012 година, како и Светското првенство во 2010 година.

Во саботата и Жерард Пике соопшти дека се повлекува од шпанската фудбалска репрезентација.

Маса: Алонсо секогаш создава раздор во тимот

Поранешниот возач на Формула 1, Фелипе Маса, изјави дека почувствувал олеснување кога Фернандо Алонсо го напуштил Ферари, клуб во кој двајцата заедно се натпреваруваа четири години.   

Неодамна и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, со сличен став ја отфрли можноста Алонсо да ја пополни празнината по заминувањето на Даниел Рикардо во Рено. Хорнер нагласи дека не сака да соработува со него, бидејќи не сака „да внесе хаос во тимот“.

Иако тогаш тоа беше сфатено со резерва, меѓутоа гласините за Алонсо ги потврди и неговиот колега Маса, кој четири години со него ја делеше гаражата.

- Со Алонсо секогаш нештата се на граница на кавга. Никогаш не сме имале проблеми приватно, но кога ќе седне зад воланот станува друга личност, која создава раздор во екипата. Mожете да забележите во сите тимови каде настапувал имало кавги, истакна Маса.   

Алонсо има 36 години и се уште нема договор за следната сезона, но според шпанските медиуми поранешниот шампион најверојатно ќе остане во тимот на Мекларен

Македонија ја совлада Данска на ЕП за кошаркари до 16 години

Кадетската репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Данска со 99:89 на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години што се одржува во Сараево.

Данска одлично го започна натпреварот, а во првата четвртина водеше и со осум поени разлика. Но, македонските кошаркари во втората четвртина успеаја да се консолидираат и да се вратат во игра.

Во третиот и четвртиот период избраниците на Александар Јованчев го диктираа темпото на игра и направија целосен резултатски пресврт.

Марко Миловановиќ со 30 поени, седум скока и четири асистенции беше најефикасен во македонската репрезентација, а Андреј Андоновски постигна 22 поени.

Македонија утре ќе се соочи со репрезентацијата на Норвешка.

притисни ентер