Маж загина од електрична цигара

Маж загина кога му експлодирала електричната цигара и шрапнелите му го пробиле черепот.

Е- цигарата предизвикала и пожар во куќата на неговите родители,  по што телото на 38 годишниот Талмаџ Д Елиа било 80 проценти со изгореници. Тој бил однесен во болница во тешка состојба по експлозијата на вапоризаторот на цигарата, каде починал.

Пожарникарите за кратко време дошле во куќата каде го нашле Талмаџ во многу тешка состојба. Несреќата се случила на 5 мај , а денешниот извештај од обдукцијата потврдува дека шрапнели од цигарата го погодиле мажот во главата и го пробиле черепот , а потоа неисправниот уред предизвикал пожар. Производител на е-цигарата била компанија од градот Цебо на Филипини.

Само во САД од 2009 до 2016 се случиле 195 слични инциденти со елетрични цигари.

     

Во сообраќајката на принцот Филип за малку ќе настрадало деветмесечно бебе

Две жени се повредени во сообраќајната несреќа , во која учествувал и британскиот принц Филип , сопруг на кралицата Елизабета II.

Принцот , кој има 97 години , го возел Ренџ Роверот , и се обидувал од патот каде се наоѓа кралскиот имот да излезе на автопат , но при тоа удрил во автомобил . Во него имало две жени и деветмесечно момченце.

За среќа , деветмесечното бебе е неповредено , а без повреди минал и принцот Филип , кој бил шокиран и потресен.

Жените биле однесени во болница. Им бил направен алкотест на принцот и на жените , кои се негативни. Жената , која управувала со Киата има повреда на коленото , а нејзината совозачка има скршена рака.

Британските медиуми денеска шпекулираат што ќе се случи ако се утврди дека принцот е виновен за сообраќајката . Се знае дека кралицата не може да одговара за никакво кривично дело , додека за принцот само ако е во нејзина придружба или се наоѓа на кралски имот. Во тој случај не може да биде приведен .

Како реагира Русин кога пајак му го дига автомобилот (ВИДЕО)

Бегство со автомобилот качен на пајак возило , не е најпаметна опција , но тоа не му пречи на Русин , кој решил да си ја врати својата Киа.

Спуштање на автомобил од пајак возило не е најпаметна опција , зашто штетата сигурно ќе чини далеку повеќе отколку казната за непрописно паркирање. Во овој случај возачот дури и не бил формален сопственик на автомобилот.

Кога полицијата на аеродромот во Москва му ги побарала документите нервозниот Русин дал документи од друг сопственик , од кого штотуку ја купил и немал време за да ги префрли на свое име. Не помогнало ниту тоа што телефонски го побарал сопственикот. Пајакот го подигнал автомобилот , но тоа уште повеќе го изнервирало Владимир. Тој се качил на пајакот , ја стартувал Киата и избегал.

Подоцна за руските медиуми изјавил дека автомобилот не претрпел голема штета и дека има сопствен сервис за да го поправи , а му било важно само да не го оштети пајакот , за да не плаќа дополнителна казна.

Населба во Турција полна со напуштени вили изгледа како гробишта за дворци (видео)

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил.

Населбата „Бурџ Ал Бабас“ во Турција наликува како гробишта на мали дворци.

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил, но плановите се изјаловиле и од сето тоа останале само гротескни вили кои делуваат страшно.

Во проектот, кој ги таргетирал првенствено клиентите од странските пазари, вложени се повеќе од 203 милиони долари, а сега е во застој, како и многу други градежни проекти во таа земја, пренесуваат медиумите.

Проектот „Бурџ Ал Бабас Сарот“ е замислен како населба со 732 вили, хотел, џамија и јавни простори во покраината Бол.

Изградбата била започната во 2011  година, а за вили главно се интересирале Арапите. Меѓутоа, работите станале комплицирани кога против инвеститорите било подигнато обвинение поради наводно уништување на локалните шуми и фрлањето отпад на локалното подрачје.

Во 2016 година започната е истрага, а пред да биде завршен проектот, компанијата прогласила банкрот и продажбата на вили е стопирана.

 

Завршени се 250 вили, а судот сега дозволил продолжување на продажбата, пренесуваат медиумите.

притисни ентер