Конечна пресуда за „Тенк“ на 23 мај

Пресудата за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство ќе биде објавена за шест дена. На денешнот рочиште во Кривичниот суд во Скопје беа изнесени завршните зборови на обвинителство и одбрната на обвинетите.

Специјалното јавно обвинителство во завршните зборови за предметот побара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер во МНР Ѓоко Поповски, како и да ги платат судските трошоци во висина од 313.160 денари.

Обвинитгелот Гаврил Бубески побара судот при утврдување на кривичната одговорност на обвинтетите да ги имаат предвид отежнителните околности дека Груевски дејствувал со директна умисла додека бил премиер и делото го направил од лична желба, но со буџетски средства, а како олеснителна околност неговата семејна состојба.

На новинарско прашање по завршување на рочиштето за висината на казните на обвинетите, Бубески, рече дека за Ѓоко Попоски е предвидена казна затвор од пет до 15 години, додека за Никола Груевски е предвидена казна затвор од една до три години и дека очекуваат во тие рамки да се движи и судот.

Обвинетиот Никола Груевски во завршен збор наведе дека овие судски процеси се класично политички и ова судење е дел од една политичка хајка против него и неговите соработници.

- Овој фабрикуван предмет во кој нема никакви докази против мене се одвиваше многу брзо. Во него сум обвинет за тоа што сум сакал да се возам со кола. Не сум искористувал положба и влијание врз некој за јас да добијам некаква корист. Не сум барал набавка на луксузно возило и незаконско фаворизирање на Мак Ауто Стар и не сум барал да нема конкуренција во набавката. Никогаш наведеното возило не ми било дадено исклучиво на мое користење, рече Груевски.

Посочи дека барањето за набавка на ново блиндирано возило доаѓало од укажувањата на сите засегнати и запознаени професионалци со состојбата и условите на безбедносните возила кои ги поседувала Република Македонија.

Обвинетиот Ѓоко Поповски во завршен збор наведе дека договорениот орган МВР иако немал обврска, одлучил да спроведе постапка за јавна набавка со цел да добие пониска цена за блиндирано возило.

- Сметам дека усепав да докажам дека не сум ја злоупотребил службената положба и не сум фаворизирал ниту една марка и очекувам судот да го отфрли обвинението против мене, рече Поповски.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради „ризична бременост“.Тие се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. 

Викендов во Скопје 34 сообраќајки, 34 лица лесно повредени

Триесет и четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во 16 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје.

 Во 18 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 114 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 12 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 35 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 10 почетници.

Од сообраќај биле исклучени и 20 нерегистрирани возила, 115 за не прописно паркирање, а со специјалното возило „пајак" биле подигнати 75 возила.

Полицијата санкционирала и 11 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири возачи кои не даваат првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престорјување, четворица за не правилно престигнување, четворица возачи кои не даваат првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, 10 за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и четворица за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Магла на дел од патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Кичево, Битола, Павлешници, Смојмирово и  Делчево, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат".

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат" апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот./МИА

„Зелената нафта" „ќе пристигне" до пролетната сеидба

За да користат „зелена нафта", земјоделците ќе имаат наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки.

„Зелената нафта" за земјоделците ќе биде достапна најверојатно за пролетната седиба. Мерката ќе опфати 55.000 производители, а предвидува со државни пари да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. Средствата се обезбедени и програмирани во буџетот на Платежната агенција.

За да користат „зелена нафта", земјоделците ќе имаат наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки.

Како што велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постапката за воведување „зелена нафта" е во завршна фаза. Изработена е методологија за секоја култура одделно. Точно се знае колкави се трошоците за гориво по хектар.

– Јавниот оглас за јавна набавка на картичките ќе биде распишан во првата половина на јануари 2019 година. Всушност, од овој месец почнува печатењето на картичките. По изборот на банка имплементатор, во соработка со подрачните единици на МЗШВ и банката, ќе се соберат барањата за аплицирање за „зелена нафта" и барањата за отворање наменска дебитна картичка по формулар пропишан од банката. Отворањето на наменските земјоделски сметки за картички што ќе се користат за „зелена нафта", зависно од логистичкиот капацитет на банката имплементатор, ќе биде не повеќе од еден месец, велат од МЗШВ.

Печатењето на картичките, вклучувајќи го и нивното доделување, би требало да се заокружи најдоцна до април 2019 година. Целта е земјоделците да имаат поевтина нафта за механизација за пролетната сеидба.

– Кофинансирањето за почеток е 30 отсто од трошоците, но со оглед на тоа дека се работи за нова мерка што прв пат се воведува, не е исклучено овој процент да се зголеми до 50. Користењето на картичките е предвидено да биде за повеќе години. Земјоделците би можеле да ги користат во сезоните кога вистински таа нафта се употребува за конкретното земјоделско производство за кое е наменета, објаснуваат од Министерството.

Плаќањето ќе се врши авансно, за што е задолжена Платежната агенција.

-Од моментот на префрлање до моментот на исплата, банката е должна да исплати позитивна камата назад во Буџетот на РМ. По добивање на средствата, банката  ги проследува на наменските дебитни картички во моментот кога ќе добие писмен допис од надлежната институција, во овој случај МЗШВ. Изборот на оваа опција за имплементација на мерката нема да значи избор на повластен снабдувач на гориво, информираат од МЗШВ.

За да се воведе „зелена нафта", требаше да се интервенира во Законот за земјоделство и рурален развој поради што во мај лани беа донесени измени. Мерката беше предложена, а потоа и најавена на почетокот од 2018 година како поддршка на земјоделците, односно како опција што треба да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел-горивото. Практично, би требало, земјоделците да купуваат нафта по двојно пониска цена од продажната. Ако литар чини 60 денари, за нив ќе биде 30.

Во ноември 2017 година, со законски измени, за три денари се зголеми висината на акцизата на дизелот што се користи како погонско гориво, како и на гасното масло што се користи како гориво за греење. Акцизата за нафтата, пак, се зголеми за три денари по литар, а тоа повлече поскапување на дизел-горивото за 3,5 денари. Образложението на министерот за финансии Драган Тевдовски тогаш беше дека акцизата на нафтата се зголемува за да се намали употребата на дизел-горивата./МИА

притисни ентер