Нова такса и правила за туристите во Амстердам

За да се спречи ,,Дизнификација”на Амстердам , туристите ќе мора да почитуваат нови правила.

Забавите на отворено и метежот во улиците на црвените фенери и канабил кафулиња , ќе биде минато. Градските власти на Амстердам по примерот на Барселона и Венеција ќе воведат радикални мерки. Со нив ќе се настојува да се намали бројот на туристи , кои го оневозможуваат нормалниот живот на граѓаните.

Коалицијата од четири партии која преговара за да формира нова градска власт објави предлог реформи со кои се овозможува ,,баланс во градот “. Ќе бидат укинати преноќевалиштата со доручек на краткорочно закупување во центарот на градот , бродовите што пловат по каналите ќе се пренасочуваат да не запираат во центарот, а се укинуваат и забавите на тркала било да се на велосипед – платформа или во вагони . Ќе се забранат и бродски тури со алкохолни пијалоци.

Се зголемува и туристичката такса на 10 евра дневно. Амстердам , град со 850 000 жители во 2016 го посетиле 17 милиони туристи и тој број е во пораст.  

Меркел: Нема промени на границите на Балканот

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан е неприкосновен.

Со оваа изјава , објавена на сајтот на германската Влада , Меркел ги отфрли сите настојувања да се ревидираат границите повлечени по војните на Балканот.

,,Територијалниот интегритет на државите од Западен балкан е дефиниран и неприкосновен. Тоа повторно мора да се повторува , зашто секогаш наново има настојувања за можеби уште ееднаш да се разговара за границите . Тоа не можеме да го направиме.”, изјави Меркел по состанокот со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина , Денис Звиздиќ.

Трамп остро кон писателката на книга за него: Таа е мрдната

Американскиот претседател Доналд Трамп на твитер остро ја искритикува авторката на книгата за него .

Трамп преку твитер со навредливи зборови ја нападна авторката на книгата , која го рпетставува него во негативно светло . Авторка на книгата е неговата поранешна советничка Омароса Маниго Њумен.

Трамп ја нарече авторката ,,мрдната” и вели дека шефот на кабинетот на Белата куќа за неа рекол дека е ,,губитничка”.

Со експлозивна направа погоден турскиот конзулат

Маж фрлил експлозивна направа кон турскиот конзулат во Амастердам.

Холандската полиција приведе маж , кој фрлил експлозивна направа кон зградата на турскиот конзулат. Направата била рачно изработена. Полицијата соопшти дека 34 годишен државјанин на Холандија одбива да даде изјава за инцидентот што се случил во саботата вечерта.

Според медиумит е, полицијата стрелала во воздух за да го уапси мажот, чиј идентитет не се соопштува.

Турскиот се наоѓа веднаш покрај американскиот конзулат во Амстердам. Првата експлозивна направа се запалила и паднала во дворот на конзулатот , а бил фрлен и еден молотов коктел што не се запалил .  

притисни ентер