Кои автомобили се достојни за кралска венчавка (фото)

Во саботата во Англија, но и во поголемиот дел од светот, во центарот на вниманието беше кралската венчавка.

Таков настан не можеше да помине без уникатни и луксузни автомобили.

Rolls-Royce Phantom IV (Foto: Getty images)

Во главната улога беше Rolls-Royce Phantom IV од 1950 година во кој новата војвотка од Сасекс, Меган Маркл дојде на венчавката со принцот Хари.

Тој автомобил бил специјално направен за сегашната кралица Елизабета II, додека била принцеза.

Тоа бил првиот Rolls-Royce во сопственост на кралицата и нејзиниот принц Филип.

Пред новата принцеза, го користела и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, на венчавката со принцот Вилијам во 2011 година.

Phantom IV е еден од 18-те Rolls-Royce автомобили направени во периодот од 1950-1956 година, а сите 18 се направени само за оние кои сопствениците на компанијата ги сметале за достојни.

Во моментот постојат само уште 16 Phantom IV, вклучувајќи го и овој кој ја имаше главната улога на венчавката.

Преостанатите 15 може да се пронајдат во музеите и другите јавни или приватни колекции.

Со оглед на тоа дека автомобилот е стар скоро 70 години, не е сигурно дека сите се во возна состојба.

Освен овој Rolls-Royce, на кралската венчавка се појавија уште неколку луксузни автомобили.
State Bentley (Foto: Getty images)

Како државниот Bentley од 2002 година, кој е еден од вкупно два кои се произведени, во кој пристигнаа кралицата Елизабета и принцот Филип.
Daimler DS 420s (Foto: Getty images)

Принцезата Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, во замокот Виндзор пристигна во Daimler DS 420s, со своите две постари деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлота.

Оваа државна лимузина е во кралска употреба од 1992 година, а станува збор за еден од само три произведени примероци.

Откако го кажаа судбоносното “да“ принцот Хари и војвотката Меган заминаа со електричен Jaguar E-type Concept Zero.

Автомобилот е произведен во 1968 година, но во меѓувреме променет му погонот на електрична енергија.

Овој Јагуар има посебна регистрација E190518, бидејќи се венчаа на 19 мај 2018 година.

Jaguar E-Type Concept Zero (Foto: Getty images)

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

притисни ентер