ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА АУДИЦИЈА ЗА “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна” за сезона 2018-2019

Почитувани најталенти на Македонија! 

Сите Вие кои по примерот на Филип Божиносвски, Ален Хасановиќ, Ристе Ристески, Горан Кукиќ и Христос Еленидис-Рус, сте подготвени да бидете најдоброто лице на Македонија во „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“, Ве покануваме да се јавите веднаш на 072 208 206 и да се пријавите за учество на аудициите на кои Саша Поповиќ и Жика Јакшиќ, ќе ги избираат новите претставници на Македонија за следната сезона.

1-ВИ ЈУНИ 2018 (петок ден) , ВО ПРОСТОРИИТЕ НА КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА:

09:30 часот - АУДИЦИИ за шоуто „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“

12:00 часот - АУДИЦИИ за шоуто „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“

ПОДГОТВЕТЕ СЕ И ПРИЈАВЕТЕ СЕ! 072 208 206

Во Штип отворени 74 избирачки места

Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми, информираше претседателот на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип, Виктор Вацев.

Според избирачкиот список со право на глас се 41.489 граѓани, кои своето избирачко право можат да го остварат на избирчаките места.

МИА утрово беше на гласачкото место 22 92 во гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип. Претседателката на Избирачкиот одбор, Васка Тасева вели дека гласачкото место навреме е отворено, а своето право на глас на ова избрачко место можат да го искористат 896 избирачи.

Изборниот процес почна вчера, кога во домашни услови гласаа 158 болни и изнемоштени. Се гласаше и во КПУ _ затвор _ Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 144 осуденици или 71 проценти.

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори

Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места.  

Вкупно 113 болни и изнемоштени лица од Росоман и Демир Капија и петмина од затвор, беа пријавени за гласање во текот на вчерашниот ден, согласно на законот.

- Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас. Од нив, 51 болно и изнемоштено лице, како и двајца од затвор, беа пријавени за гласање за вчера, појасни претседателот на општинската изборна комисија, Александар Чадамов, за МИА.

Во Демир Капија, како што соопшти претседателот на ОИК, Благој Јовановски, 62 болни и немоќни лица, како и тројца од затвор, имаа законска можност да гласаат во текот на вчерашниот ден. Инаку, во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.

Навреме отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

 Навреме се отворени гласачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска општинските изборни комисии.

Елизабета Стојковска, претседателка ОИК Куманово соопшти дека сите избирачки места навреме се отворени. Во Куманово, право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места

- Гласањето почна навреме и во Липково, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски, рече дека навреме се отворени гласачките места. Во Старо Нагоричане право на глас имаат има 3.043 гласачи, кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ќе ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

притисни ентер