Скандал по кралската венчавка- братучедот на војвотката Меган фатен со нож

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган вечерта по кралската венчавка бил фатен со нож во дискотека во Лондон.

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган , Тајлер Дули бил фатен од полицијата вооружен со нож во ноќен клуб во Лондон. Тој избегал од обезбедувањето , но полицијата го нашла во хотел , каде на полицајците им предал и бибер спреј.

Рекол дека ножот и спрејот му биле потребни за самоодбрана. Полицијата го потврдила инцидентот и според соопштението од Скотланд Јард , братучедот на Меган поминал со предупредување ,

Инаку , Тајлер Дули поседува плантажа за производство на марихуана во американската држава Орегон.

ЕУ одвои 10 милиони евра за помош на украинските истражувачи-бегалци

Европската комисија денеска соопшти дека издвоила дополнителни 10 милиони евра наменети за поддршка на истражувачите кои биле принудени да ја напуштат Украина поради војната. 

Станува збор за средства алоцирани преку програмата „Марија Склодовска-Кири акции“, која е создадена за да ги поддржува раселените украински истражувачи од почетокот на руската агресија врз Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие дополнителните средства ќе им овозможат на најмалку 50 истражувачи, вклучително и докторанти и доктори на науки кои ја напуштиле Украина, да продолжат со својата работа на истражувачки проекти на универзитети, компании, истражувачки центри и други институции со ЕУ и во земји вклучени во програмата „Хоризонт Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија.

- Тоа, исто така, ќе им овозможи на истражувачите пристап до обука, вештини и можности за развој на кариерата. Специфична поддршка ќе биде достапна и за организациите кои се домаќини на истражувачите и за оние соработници кои се преселени заедно со нивните семејства, се додава во соопштението на ЕК.

Преку програмата „Марија Склодовска-Кири акции“, која е дел од пошироката поддршка на ЕУ за Украина, досега се поддржани 125 раселени украински истражувачи, кои се обучуваат и работат во 21 земја.

ЕУ неодамна отвори и Канцеларија на „Хоризонт Европа“ во Киев и воспостави инструмент за помош на украинските технолошки компании во рамки на Европскиот совет за иновации (ЕИЦ). Дополнително, формиран е и Центар на Европскиот институт за иновации и технологија (EИТ) во Украина, што треба да им овозможи пристап до партнери, пазари, опрема, обуки и инвестиции на оние украински иноватори кои ќе останат во нивната земја.

Мицкоски: Направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти

Направивме увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сала, училиште и авантуристички парк, по формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти.

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика.

Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид.

Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк.

Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти.

Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021.

Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Vivax Cool Day 2024

 Ексклузивен настан на хрватскиот технолошки гигант во организација на Паком

На 16 април во хотелот Double Tree by Hilton се одржа традиционалниот Vivax Cool Day 2024 во организација на Паком, членка на М-Сан Групацијата и официјален увозник и претставник на Vivax во Македонија.

Секоја година Скопје е дел од низата ексклузивни Vivax настани на ниво на групацијата, каде што се прави ретроспектива на постигнатите резултати од изминатата година и се презентираат сите нови и возбудливи технолошки иновации кои можеме да ги очекуваме на нашиот пазар.

Оваа година Vivax Cool Day донесе посебно расположение со најавата за претстојниот јубилеј.

„Овој настан е од огромно значење за нас, како и за целата групација, особено што оваа година Vivax ќе прослави јубилејни 20 години. Овој настан е најава на активностите кои претстојат во периодот што следи, а ние како тим имаме ексклузивна можност први да се запознаеме со возбудливите енергетски-ефикасни иновации со кои континуирано го подобруваме животот на нашите бројни корисници“ – велат од Паком Македонија.

Од компанијата додаваат дека покрај инспиративноста на сѐ она што иновациите го носат со себе, за нив е најважен фактот што во сржта на Vivax брендот грижата за околината, одржливиот развој и чистата животна средина се императив. ​

Повеќе од 300 гости на Vivax Cool Day 2024 имаа можност да ги проследат трите презентации на кои беа претставени новитетите во Vivax климатизацијата кои допрва ќе го освојат нашиот пазар, VRF системите, сегментот за постпродажба и пристапот кон корисничкото задоволство, односно сѐ она што го прави Vivax омилен бренд на над 100.000 домаќинства.

Покрај инспиративните технолошки новитети, гостите уживаа во стенд ап настапот на актерката Надица Петрова, како и во енергичниот музички настап на Агни Авшар и нејзиниот камерен џез состав. Како и секоја година, најголемите познавачи на брендот според Vivax онлајн квизот освоија посебни награди за признание и сеќавање на овој настан.

Сите активности на еден од најбараните брендови во нашата земја се достапни на социјалните мрежи.

притисни ентер