Либретото на оваа опера во три чина е на Нијаз Алиспахиќ, режисер е Озрен Прохиќ, а диригент Нада Матошевиќ-Орешковиќ од Хрватска.
„Змејот од Босна“ е интимна приказна за Хусеин Градашчевиќ (1802-1834), отоманско босански, потоа независен бошњачки воен командант, кој подоцна го води бунтот против отоманската влада, барајќи автономија за Босна. Роден во благородничко семејство на босански муслимани, Градашчевиќ станал капетан на Градачац во раните 1820-ти години, симнувајќи ги од позицијата и своите роднини.
Израснал опкружен со политичка клима на превирања во западниот дел на Отоманската империја. Поради своите решителни ставови го добил прекарот „змеј од Босна“ и станал народен херој и еден од најпочитуваните фигури во историјата на Босна и Херцеговина./МИА
Костимограф на претставата е Вања Поповиќ, која заедно со режисерот Озрен Прохиќ ја изработи и сценографијата, кореограф е Белма Чечо Бакрач.
Насловниот лик (Хусеин - капетан Градашчевиќ) го игра Иван Шариќ, а со него на сцената се уште 15-ина солисти, како и хорот на Народниот театар од Сараево. Праизведбата на оваа опера на матичната сцена беше во 2016 година.
Следен настан на 46. Мајски оперски вечери е утрешниот концерт „Пучини&Росини“ кој е и претпоследен на годинашниот фестивал, пред неговото затворање на 31 мај, традиционално со Вердиевата „Аида“.