Таа е прогласена за најубавата жена во Америка во 2018 година (фото)

Мис Небраска, 23 годишната Сара Роуз Самерс прогласена е за најубава девојка во Америка.

Меѓу 50-тината кандидатки, Сара Роуз Самерс однесе убедлива победа, а освен занесната убавина и совршената фигура, таа со својата харизма го освои петчленото жири.

Foto: Getty

Изборот за мис кој се одржа во Луизијана, се пренесуваше во живо на телевизија, каде имавме прилика да видиме како продефилираа преубавите мисици, како и нивните прашања и одговори.

Foto: Getty

Сара беше брилијантна во секоја задача, а откри и многу детали за себе, како тоа дека сака да биде педијатриска сестра. Во текот на шоуто, таа објасни што ја фасцинира во оваа работа...

„Бев во детска болница во Омаха кога имав пет години. Не се сеќавам многу на тоа, но паметам дека моите родители беа многу загрижени, а никогаш претходно не го видов својот татко толку уплашен. Мојата медицинска сестра беше фантастична и таа ми е идол“ – објаснила 23 годишната мисица.

Убавата русокоса истакнува дека сега е лиценцирана за оваа работа, и може да им помага на голем број деца и семејства, како и на лекарскиот тим.

„Многу е охрабрувачки да им се помага на пациентите, да се разберат нивните дијагнози и различните процедури и да се поддржат низ тоа“ – истакнува оваа хумана дама.

Освен љубовта спрема медицината и несебичната помош кон болните, Сара ја исполнуваат уште некои работи, а една од нив е фитнесот.

Hey YOU - did you hear Miss USA is tomorrow!? 💖✨ #Missusa

A post shared by Sarah Rose Summers (@sarahr_summers) on

Сама еден поглед врз нејзиниот Инстаграм профил и ќе сфатите дека и е многу важно да води здрав живот, исполнет со физички активности. Во текот на нејзините факултетски денови, работела како инструктор по пилатес.

Иако многу мажи и се додворуваат, Сара истакнува дека нејзиното срце го освоило едно момче.

Missed this feeling ⛰

A post shared by Sarah Rose Summers (@sarahr_summers) on

Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за извршителите, брзите кредити и должничкото ропство“

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола. 

Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.

Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.

- Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција.

Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. - нагласи Глигорова.

- Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.

Центар за комуникации на ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“

Арсовска изврши увид на градежни работи на реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба

Град Скопје денес реализира уште еден проект од големо значење за граѓаните. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на ул. Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.

Град Скопје

Тошковски: СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Богданци

СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалник на општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам при Општина Богданци.

Имено, првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција - поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од улица "Крсте Мисирков" во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината.

Второпријавената вработена на работно место помлад соработник - урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во Општина Богданци со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на Општина Богданци.

Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело "Злоупотреба на службена положба и овластување" и "Бесправно градење", а второпријавената сторила кривично дело "Несовесно постапување во службата", објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

притисни ентер