Владата одлучи голем дел од наставниците и професорите во основното и средното образование да се вработат на неопределено работно време

На 69-тата седница на Владата на Република Македонија е формирана работна група за изнаоѓање на можно решение за проблемот со линдан во АД ОХИС, донесена фискална стратегија 2019-2021.

Владата на седницата ја прифати информација за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование, за работни места за кои може да се оствари полно работно време, се наведува во соопштението од Владата.

Во однос на решавањето на проблемот со линданот во АД Охис - Скопје, Владата на седницата формираше работна група составена од: д-р Драги Рашковски, генерален секретар на Владата, Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање и д-р Аднан Ќахил, министер без ресор. Оваа работна група во рок од 3 месеци треба да ја информира Владата за можните решенија на овој долгогодишен проблем.

Со измените и дополнувањата на Правилник за инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно - технолошки акцелератори, кои беа усвоени на седницата, ќе се доделува финансиска поддршка за воспоставување (опционално) и работење на акцелератор, имплементацијата на пред-инвестициона програма и инвестиции. Преку овој Инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка до 75% од вкупниот буџет на проектот, за максимален износ од 500 илјади евра за оперативни трошоци. Услугите кои ќе ги обезбедуваат акцелераторите ќе бидат наменети за новооснованите старт-ап претпријатија и ќе се однесуваат на: канцелариски простор, административна поддршка, обука, советување и/или менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции.

Со измените, пак, на Правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за технолошка екстензија, се предвидува поддршка на усвојување и прилагодување на иновативни и напредни технологии и подобрување на деловните процеси во македонските мали и средни претпријатија. И за овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој, обезбедува финансирање до 50% од вкупниот буџет на проектот, во максимален износ од 500 илјади евра.

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со статусот на реализација на Договорите за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи, склучени со Министерството за економија. Притоа, Владата го одобри продолжувањето на роковите за започнување со комерцијална работа на неколку локации. Во име на Владата, министерот за економија ќе потпише Анекси на договорите за концесија со кои се одобрува продолжување на рокот за започнување со комерцијална работа.

Дополнително, министерството за економија е задолжено во соработка со министерството за животна средина и просторно планирање да подготви Информација со Акциски план за помош на инвеститорите во делот каде што имаат потешкотии со месното население и во рок од 30 дена да ја достават до Владата.

Министрите на денешната седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата за потребата за спроведување на повеќегодишна јавна набавка за избор на независна ревизорска куќа, за потребите на Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 финансиран по пат на заем од Европската банка за обнова и развој. Постапката за склучување на повеќегодишниот договор треба да ја спроведе Министерството за транспорт и врски, кое во исто време треба да ги обезбеди потребните средства за плаќање на преземените обврски, во рамките на максимално утврдените лимити за расходи за2019 година и 2020 година.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, денеска Владата ја донесе Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година, како и уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.

На денешната седница Владата донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за изградба на главен доводен цевковод во полошкиот регион кој ќе покрие повеќе општини.

Министрите на предлог на Министерството за финансии ја прифатија фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021. Среднорочната фискална стратегија претставува клучен документ за утврдување на среднорочните фискални цели на Владата на Република Македонија и нивно поврзување со стратешките приоритети на Владата, како и алатка за следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели.

Исто така, министрите го прифатија и текстот наспогодбата помеѓу Министерството за образование и вработување на Република Малта и Министерството за образование и наука на Република Македонија за взаемно признавање на високообразовните степени, дипломи и сертификати.

Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за здравство, одлучи програмата за превенција на кардиоваскуларни болести во земјава да се дополни со 5 милиони евра од буџетот на Министерството.

Министрите ја разгледаа и ја усвоија Информацијата во врска со формирање на работна група која ќе подготви тендерска документација за спроведување на тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија. Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен на економски прашања е задолжен во рок од 7 дена да формира работна група составена од претставници од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен на економски прашања, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Предлог за членови и заменици членови во работната група до Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен на економски прашања, треба да достават Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика.

Потоа оваа работна група, во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница, во рок од 60 дена треба да ја подготви тендерската документација за спроведување на тендерска постапка по пат на јавен повик согласно прописите со кои се уредува набавка на јавна услуга за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија и да ја достави до Владата на Република Македонија.

По однос на годишните извештаи за работата на Македонската радио телевизија за 2017 година, и за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за истата година, Владата на Република Македонија на седницата одлучи на Собранието да му даде негативни мислења.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер