Катругалос: Без уставна ревизија од соседот, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент

Во однос на тоа дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент.

Со Каменос немаме различни позиции, вели алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, коментирајќи ги изјавите на лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос.

- Каменос јасно кажува дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, ако другата страна не ја изврши таа обврска, договорот нема да дојде во Парламентот и тоа е вистина. Ние сметаме дека решавањето на ерга омнес, општото прифаќање на името и во внатрешноста и во надворешноста со уставна ревизија е еден од предусловите на пакет договорот. Ова е нешто што и ние го имаме потенцирано и за ова немаме разлики со Независни Грци, вели Катругалос и додава дека во однос на неприфаќањето на сложено име со терминот Македонија од Панос Каменос, тоа е нешто што претседателот на Независни Грци, го има кажано и во минатото.

Во изјава за медиумите, по конференција во Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија не даде директен коментар, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа дали Никос Коѕијас индиректно го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“ со изјавата од САД дека потребно е да се прифати име од предлозите на медијаторот.

- Нашата цврста позиција е дека за името да биде прифатено треба да задоволува два критериуми. Едниот е да го разделува историскиот и грчкиот карактер на нашата Македонија од соседната земја и другото е дека не треба да содржи иредентистички елементи. Ова е нашата генерална позиција и очигледно е дека нема да коментирам нешто што е поврзано со преговорите што се во тек, рече Катругалос.

На прашањето на МИА дали е сѐ уште умерен оптимист или веќе се движи кон само оптимист за решение, алтернативниот МНР на Грција, ја повтори метафоричната изјава на Ципрас дека „пред нас ги имаме последните 100 метри од маратонот, но тие 100 метри се и најтешките“.

- Оптимист сум, но во никој случај го немаме договорот во џеб, додаде Катругалос.

Народна банка и ЕБОР потпишаа Меморандум на разбирање

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Народната Банка на Македонија со задоволство известуваат дека Народна Банка е основачки потписник на Финансискиот код на жени предприемачи во Македонија.

Народна Банка и ЕБОР потпишаа Меморандум за разбирање на настан во просториите на Народна Банка на 28 Март 2024, во Скопје, каде се обврзаа да работат заедно на имплементација на кодот и званично да го објават почетокот на истиот во Македонија. Финансискиот код за жени предприемачи е иницијатива поддржана од ЕБОР, Финансиската иницијатива на жени предприемачи и националната коалиција на јавни и приватни ентитети. Кодот има за цел да го зголеми финансирањето на микро, малите и средни претпријатија управувани од жени. Како потписник за Македонија, Народната Банка е горда што ќе овозможи лидерствово соработката со останатите домашни институции, со цел да ја подобри размената на информации и да превземе активности кои ќе помогнат да се отстранат ограничувањата и финансиските јазови за жените претприемиачи.

Финансискиот код за жени предприемачи е основан во 2017 година, од Светска банка со поддршка во вид на донации од 14 влади. До денес има дистрибуирано над 3 милијарди американски долари (2,8 милијарди евра) на над 150.000 бизниси управувани од жени во земјите во развој и оние со среден приход.

Ангеловска Бежоска, Гуренер на Народната Банка на Македонија изјави: ,,Поддржувањето на бизнисите управувани од жени е круцијално во борбата за родова еднаквост. Централната Банка ќе биде активно инволвирана во образување на клиентите за можностите и обврските кои кредиторите ги имаат кон нив, како и за обезбедување на информации за кредитирање на компаниите управувани од жени, кои ќе придонесат кон подобар пристап на жените претприемачи во финансирањето”.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Македонија истакна: ,,За нас во ЕБОР, промовирањето на родова еднаквост е еден од врвните три стратешки приоритети, а поддршката на жените претприемачи е клучен дел од тоа. Финансискиот код на жени претприемачи е неверојатно интересна можност за катализирање на постоечките напори во оваа област. Ни претставува задоволство да соработуваме со Народна Банка на Македонија".

ЕБОР и Народна Банка ќе работат заедно во зголемување на бројот на потписници на Кодот, обезбедувајќи ентитети кои даваат финансиски услуги, поттикнувајќи соработка со креаторите на политиките и другите играчи во еко системите, за да ја го зголемат генерирањето на податоци за родовата застапеност кај МСП, и да промовираат користење на креирани политики и производи кои се добри за микро, малите и средни препријатија, управувани од жени.

Македонија се приклучи на ЕБОР во 1993 година. До денес има инвестирано над 2,6 милијарди евра во над 180 проекти, од кои скоро половина во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да ја поддржи конкурентноста, зелената транзиција и натамошната интеграција во регионалните и глобалните пазари.

ЕБОР

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

 Неколку руски воени бродови поминаа низ теснецот Баб ел Мандеб во Црвеното Море и покрај нападите на јеменските борци Хути врз трговски бродови, соопшти руската Пацифичка флота.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ управуван од Министерството за одбрана ја цитираше морнарицата дека рускиот крстосувач „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“ биле меѓу бродовите што навлегле во Црвеното Море.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

притисни ентер