Пораката на песната која ја објави ФИФА е дека “животот е еден и треба да се живее“. Песната е изведена на англиски и шпански јазик.
Официјалната видео снимка од спотот ќе биде претставена на 7 јуни. Вил Смит изјави дека му е чест што бил дел од овој проект.
Покрај успешната актерска кариера, Вил Смит имаше успех и во музиката во осумдесеттите и деведесеттите години, прво во соработка со ди-џејот Џези Џеф, а потоа започна и соло кариера.
Ники Џем е една од најголемите латиноамерикански ѕвезди, а неговиот последен сингл X прегледан е скоро 800 милиони пати на Јутуб. Неговите претходни хитови имаа повеќе од милијарда прегледи.
Ера Иштрефи се прослави со песната BonBon, која беше светски хит. Родена е на Косово.