Трагедија во семејството на славниот скијач, почина неговата ќерка

Олимпискиот победник во спуст американскиот скијач Боде Милер доживеа трагедија откако во понеделникот неговата 19-месечна ќерка се удави во базен, објави калифорниската полиција.

Емелин Гиер Милер пронајдена е без свест во базенот на соседите во Кота де Каза, во округот Оринџ, јужно од Лос Анџелес.

Боде Милер (40) и неговата сопруга Морган биле на прослава кај соседите во моментот на трагедијата.

Оживувањето не успеа, изјави капетанот на пожарникарите.

Боде Милер по несреќата објави порака на Инстаграм во која наведува дека тие се скршени.

„Нашето бебе Еми вчера почина. Не мислев дека некогаш ќе доживеам ваква болка“, напиша скијачот.

Боде Милер е најтрофејниот американски скијач, а пред неколку месеци одлучи да ја прекине кариерата.

Во 2012 година се ожени со одбојкарката на песок Морган Бек, а го имаат синот Едвард, роден 2015 година, една година пред Еми.

Манекенката Ратајковски за неколку часа собра милион лајкови

Манекенката Емили Ратајковски собра над милион лајкови за фотографија на која покажа малку повеќе.

Атрактивната манекенка речиси секојдневно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи . Но , овој пат покажа малку повеќе .

 

🍴

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Таа објави фотографии од ресторан каде случајно се разголи. Нејзините фанови ја опсипаа со лајкови , така што само за неколку часа собра над милион.

Карлеуша се освежува во Кина (ФОТО)

Српската фолк пејачка Јелена Карлеуша објави на социјалните мрежи серија фотографии од Кина.

Карлеуша е на одмор во Хонг Конг со семејството и од таму објави серија фотографии на социјалните мрежи.

Атрактивната пејачка облечена само во скромно бикини се фотографира во луксузниот хотел заедно со семејството.

Нејзините фанови со коментари и лајкови уживаат во разголените слики на Карлеуша.

Се бара мијач на садови за плата од 22 000 евра

Бакингамската палата објави оглас за мијач на садови во кујната , нудејќи им на кандидатите плата од 22 000 евра годишно.

Покрај платата , мијачот ќе добива и бесплатен оброк. На сајтотот Ројал хаусхолд е објавен конкурсот неделава и во него се наведува дека е потребен нов член во кујната за да се обезбеди вонредно добра услуга

Во огласот се наведува дека не е потребно искуство , но е потребен тимски играч со иницијатива.

Поранешниот шеф на кујната , Дарен Мекгрејди изјави дека британската кралска палата е одлично место за работа.

притисни ентер