Фото: Најсексапилната жена на светот со голи гради го прослави 26 роденден

Официјално најсексапилната жена на светот на интересен начин одлучи да ги израдува своите фанови во чест на 26 роденден.

Кејт Аптон, која неодамна магазинот „Максим“ ја прогласи за најсексапилна жена на светот  го прослави 26 роденден, а тоа го одбележа со кратко видео во топлес кое го објави на Инстаграм.

Бујната Кејт во топлес во видеото наздравува  со чаша во раката и капче на глава, краткото видео за само 12 часа веќе собра повеќе од два милиони прегледи.

Пеколни температури: Австралиец испекол парче месо во автомобилот

Маж од гратчето Милдур во Австралија објавил фотографија на која сакал да му покаже на светот колку е жешко во неговата земја.

Тој оставил свежо парче месо во својот автомобил кој бил паркиран на сонце, а после само неколку часа ова парче месо било испечено и спремно за послужување.

„Овој експеримент го направив околу 11 часот претпладне. Го оставив парчето месо во автомобилот кој делумно беше под сенка. Се вратив околу 16 часот и месото беше спремно за послужување“ – напишал анонимниот Австралиец.

Тој во описот на фотографијата им порачал на своите сограѓани дека мораат да внимаваат на тоа дали во автомобилот ќе ги остават домашните миленици, постарите лица или децата.

„Мораме да внимавање на овој топлотен бран кој ја зафати Австралија“ – напишал овој маж.

Многу од неговите сограѓани ја коментираа фотографијата и истакнаа дека невозможно е да се испече парче месо на сонце во автомобил, а има и такви кои се согласуваат со овој Австралиец.

Неверојатен подвиг: Претрчал 40 километри на -52 степени во Сибир

Италијанскиот љубител на екстремните спортови, Паоло Вентурини, претрчал скоро 40 километри на температура од минус 52 степени Целзиусови во подрачјето Омјакон во руската Република Јакутија, соопштиле од локалното одделение за надворешни односи.

Од прес службата на одделението соопштено е дека Вентурини трчал три часа, 54 минути десет секунди и во тој период поминал оддалеченост од 39,12 километри од Томтор до Омјакон.

Маратонецот бил следен од тим на лекари, преведувач и камерман, кој снима документарец за патувањата на Италијанецот во Русија, јави Тасс.

Вентурини, кој работи како полицаец во италијанскиот град Падова, минатата година претрчал 75 километри во иранската пустина, каде температурата достигнала 67 степени Целзиусови.

Италијанецот има голем број на обожаватели, како од Италија така и од останатите земји, кои ги следат неговите подвизи.

Потрошила огромна сума на пари за крема против брчки: Направена е од нејзината крв

Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам потрошила 1350 евра за новата хидрирачка крема за лице направен од нејзината сопствена крв.

Модбата дизајнерка се пофали на социјалните мрежи дека користи крема против брчки направен специјално за неа.

Идејата за новата крема за лице, Викторија ја добила минатата недела кога ќерката Харпер (7) ја однела на третман за лице во Германија на клиниката кај популарната докторка Барбара Сурм.

Оваа популарна докторка е позната по својот третман за лице познат и како “вампирско лице“ каде крвта се вбризгува во “проблематичните места“ на лицето и така и помагаат на кожата побрзо да зарасне.

Овој третман за лице е еден од најпопуларните во Холивуд, а се со цел во вечната борба да се спречи стареењето.

Викторија Бекам инаку е позната по тоа што не штеди кога станува збор за борбата против брчките. Во јануари минатата година изјавила дека одвојувала и по 800 евра за производи кои се користат во секојдневната нега на лицето, за нега на телото користи производи во вредност од 500 евра, а за нега на косата одвојува и до 140 евра.

притисни ентер