Видео: Фудбалерите на Мексико се забавуваат во базен со проститутки

Голем секс скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Мексико пред заминувањето на Светскиот шампионат во Русија.

Репрезентативците на Мексико победата над Шкотска ја прославила со „оргија“ со 30 ескорт девојки . Забавата започнала во базен,  а медиумите истакнуваат дека во центарот на вниманието биле девет фудбалери.

На социјалните мрежи веќе се појави и видео  од базенот од почетокот на забавата . Иако не се гледа што точно се случувало сепак може да се наслути што се случувало по „возот“ во базенот.

Луксузниот Форд ќе се произведува на барање на потрошувачите

Форд објави дека ќе го продолжи производството на својот супер  спортски модел GT  , бидејќи се преплавени од барања од потенцијални купувачи.

Американскиот производител најави дека на 8 ноември повторно ќе ја отвори книгата со нарачки за Ford GT. Беше донесена одлука да се изработат уште 350 возила, така што вкупниот број ќе изнесува 1 350 , а не илјада како што е планирано. Компанијата Форд еднаш веќе ги послуша купувачите и од 500 возила на суперспортскиот автомобил во 2016 одлучи нивниот број да биде 1 000.

Од Форд ги известуваат нетрпеливите купувачи дека возилата што ги нарачале сега , ќе ги добијат во периодот од 2020 -2022 година , зашто дури тогаш ќе почне производството на дополнителните 350 автомобили.

Супер спортскиот модел има 3.5 литарски EcoBoost V6 со 656 ks (482 kW) и 746 Nm момент на обрт. Автомобилот може да постигне брзина од 347 km/h.

Во 2017 Форд не успеа да ги испорача сите предвидени 250 возила , зашто изработи само 138 од овие атрактивни автомобили.

215 милиони долари обештетување за сексуално вознемирувани студентки

Универзитетот од Јужна Калифорнија објави дека е постигнат првичен договор да плати 215 милиони долари обештетување поради гинекологот , кој неколку години сексуално ги вознемирувал студентките.

Во соопштението потпишано од директорката на Универзитетот , Ванда Остин се наведува договорот подразбира обештетување од 2 500 до 250 000 долари на сите студентки кои тврделе дека гинекологот сексуално ги вознемирувал.

Голем број од сегашните и поранешните студентки  пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал во периодот од 1988 до 2016 година.

Тиндал работел околу три децении на Универзитетот како гинеколог , пред пензионирањето минатата година, откако била покрената истрага поради докази за сексуално вознемирување за време на прегледите.

Гинекологот ги демантирал тврдењата.

Куче на сите начини се обидува да спаси девојче (ВИДЕО)

Хит на денот на социјалните мрежи е волчјакот Кајзер , кој на сите начини се обидува и конечно успеа да ја спаси својата сопственичка да не се удави.

Девојчето Бриа решила да направи мал тест за да види како ќе реагира нејзиниот волчјак . Скокнала во базенот и почнала да вика дека се дави. Кучето , кое ја видело својата преплашена сопственичка , иако не знаело дека станува збор за шега , сериозно почнало да ја спасува.

Веднаш скокна во базенот , ја повлече за косата и се обиде да и ја држи главата над вода. Шегата на Бриа направи видеото да стане глобален хит и пример за пожртвуваност.

притисни ентер