Европа добива дом на слонови од Циркус !!

Групи за одбрана на правата на животните соопштија дека  во Европа наскоро ќе се отвори живеалиште за слонови од циркус.

Организациите „ World Animal Protection“ и „ Elephan Haven“, соопштиле дека живеалишетото за слонови кој работеле во циркус ќе биде направено во централна Франција во областа Лимузен, и дека некој делови од него ќе бидат ставени во функција  уште есенва.

Проектот е осмислен по  лобирањето во парламентот на Данска, кој неодамна забрани употреба на диви животни во циркусите.

Според  некои медиуми уште 14 држави од Европа неодамна спровеле слични забрани и многу од нив стапуваат на сила  уште годинава.

Инаку во циркусите во Европа  има повеќе од 100 слонови.  

Манекенката Ратајковски за неколку часа собра милион лајкови

Манекенката Емили Ратајковски собра над милион лајкови за фотографија на која покажа малку повеќе.

Атрактивната манекенка речиси секојдневно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи . Но , овој пат покажа малку повеќе .

 

🍴

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Таа објави фотографии од ресторан каде случајно се разголи. Нејзините фанови ја опсипаа со лајкови , така што само за неколку часа собра над милион.

Карлеуша се освежува во Кина (ФОТО)

Српската фолк пејачка Јелена Карлеуша објави на социјалните мрежи серија фотографии од Кина.

Карлеуша е на одмор во Хонг Конг со семејството и од таму објави серија фотографии на социјалните мрежи.

Атрактивната пејачка облечена само во скромно бикини се фотографира во луксузниот хотел заедно со семејството.

Нејзините фанови со коментари и лајкови уживаат во разголените слики на Карлеуша.

Се бара мијач на садови за плата од 22 000 евра

Бакингамската палата објави оглас за мијач на садови во кујната , нудејќи им на кандидатите плата од 22 000 евра годишно.

Покрај платата , мијачот ќе добива и бесплатен оброк. На сајтотот Ројал хаусхолд е објавен конкурсот неделава и во него се наведува дека е потребен нов член во кујната за да се обезбеди вонредно добра услуга

Во огласот се наведува дека не е потребно искуство , но е потребен тимски играч со иницијатива.

Поранешниот шеф на кујната , Дарен Мекгрејди изјави дека британската кралска палата е одлично место за работа.

притисни ентер