Фото: Во овие градови стресот не постои?!

Компанијата Зипјет направила студија во која ги рангирала  светските градовите на темел на различни податоци и фактори за тоа колку е стресен  живото во нив.

На првата позиција на градовите во кои стресот скоро и да не постои се најде германскиот град Штутгарт. Во овој град секојдневниот живот  минува без никаков стрес. 

 За да се добие овој резултат, во 500 градови во светот се мерени следните фактори.

Град: Густина на население, зелени простори, сообраќај, сончеви часови, перцепција на безбедност и сигурност и локален јавен превоз.

Загадување на околината: загаденост на воздухот, загадување од бучавата светлосна нечистотија.

Финансии и невработеност: Долг по глава на жител, социјална сигурност, семејна куповна моќ.

Жители: Ментално здравје, телесно здравје, и рамноправност на половите.

По добиените резултати во студијата, ова е Топ – 10   листата на градови во кои не најмалку стресно да се живее.

Штутгарт.

Луксембург.

Хановер.

Берн.

Минхен.

Бордо.

Единбург.

Сиднеј.

Грац.

Хамбург.

Манекенката Ратајковски за неколку часа собра милион лајкови

Манекенката Емили Ратајковски собра над милион лајкови за фотографија на која покажа малку повеќе.

Атрактивната манекенка речиси секојдневно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи . Но , овој пат покажа малку повеќе .

 

🍴

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Таа објави фотографии од ресторан каде случајно се разголи. Нејзините фанови ја опсипаа со лајкови , така што само за неколку часа собра над милион.

Карлеуша се освежува во Кина (ФОТО)

Српската фолк пејачка Јелена Карлеуша објави на социјалните мрежи серија фотографии од Кина.

Карлеуша е на одмор во Хонг Конг со семејството и од таму објави серија фотографии на социјалните мрежи.

Атрактивната пејачка облечена само во скромно бикини се фотографира во луксузниот хотел заедно со семејството.

Нејзините фанови со коментари и лајкови уживаат во разголените слики на Карлеуша.

Се бара мијач на садови за плата од 22 000 евра

Бакингамската палата објави оглас за мијач на садови во кујната , нудејќи им на кандидатите плата од 22 000 евра годишно.

Покрај платата , мијачот ќе добива и бесплатен оброк. На сајтотот Ројал хаусхолд е објавен конкурсот неделава и во него се наведува дека е потребен нов член во кујната за да се обезбеди вонредно добра услуга

Во огласот се наведува дека не е потребно искуство , но е потребен тимски играч со иницијатива.

Поранешниот шеф на кујната , Дарен Мекгрејди изјави дека британската кралска палата е одлично место за работа.

притисни ентер