Протест во Скопје против договорот за менување на името

Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест на неколку здруженија поради договорот за менување на името што

Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“, а затворени за сообраќај беа и околните улици. Парламентот го штитеше полиција. Насобраните од здуженијата Семакедонски национален совет - Македониум, Христијанско братство и од навивачи Комити  извикуваа „Едно име имаме - Македонија“ и „Оставка“ и пееја патриотски песни. 

Страшо Олумчев, претседател на Семакедонски национален совет - Македониум за медиумите изјави дека се собрале спонтано и дека собирот е израз на револт за она што се случи вчера.

Потенцира дека право за одлука за национални прашања има само македонскиот народ и никој друг и дека денешниот собир е само предупредување. 

- Со прес-конференцијата Зоран Заев го навлече бесот на македонскиот народ. Се договоривме веднаш да илеземе на улица и да протестираме. Заев  ја помина линијата до каде што може да оди, без разлика дали е премиер или не. Со ова се плука на АСНОМ-ска Македонија, се плука на Уставот на Република Македонија, изјави Олмчев, според кого не треба да има референдум затоа што, рече, се знае кои се идентитетот и името. Повика дека се уште има простор и време премиерот Заев да се откаже од договорот, додека не се ставени потписи.

Макрон го промовира неговиот концепт на ЕУ

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга.

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга, која подразбира пред се реорганизација на унијата со засилена економска, политичка и одбранбена поврзаност и  соработка со  Русија и Турција.

Според него, Европа за 15 години би била организирана во три круга на држави со различен степен на интеграција.

За тоа што стои зад идејата и како нејзината евентуална реализација би се одразила на евроинтеграциите на Македонија  своите ставови ги споделија амбасадорот Ѓорѓи Филипов и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. 

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов смета дека „Европа во три круга”  е  личен нацрт-план на претседателот Емануел Макрон, што претставува една визија за зацврстување на ЕУ и претставува пресметан потег на Макрон за зајакнување на неговата лична позиција во претстојното преструктурирање на унијата.

Алберт Муслиу, смета дека Макроновата идеја како проект за реорганизација на ЕУ е реално потребен, бидејќи, вели, глобалните односи се сменети и денес имаме повеќе сериозни глобални играчи, посочувајќи на Кина, Индија и Бразил.

Во однос на тоа каде би се нашле Македонија во  тие три круга и Филипов и Муслиу се оптимисти дека концептот нема да влијае врз интеграцијата на Македонија и останатите земји од Западен Балкан кои се во фаза на преговори со ЕУ.

СДСМ повторно го повикува Мицкоски да се изјасни за референдумот

Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се за што си, граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.

Време е Мицкоски. Конечно треба да кажете за што сте и да се изјасните за референдумот.

Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Како тоа цела деценија зборувате за референдум а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став?

Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.

Или сте за светла иднина, членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или сте за темно минато, криминал, изолација, неизвесност.

Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се!

Граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.

На 30 септември, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен македонски идентитет.

ДА за македонската иднина! /МИА

Опожарена куќа во Кисела Вода, нема повредени

Пожар во куќа на улицата „Невена Георгиева Дуња“ во скопската населба Кисела Вода избувнал ноќеска околу еден часот по полноќ.

Во пожарот, како што јавува МИА, нема повредени лица, а биле опожарени 200 метри квадратни.

Во гаснењето што траело до 04:15 часот учествувале 12 пожарникари со шест противпожарни возила. /МИА

притисни ентер