Путин на отворањето на СП, повеќе од 20 светски лидери на церемонијата

 Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на свеченото отворање на Светското фудбалско првенство денеска на стадионот „Лужники“ во Москва, по што ќе го следи натпреварот меѓу домаќините Русија и Саудиска Арабија (почеток 17 часот), соо

На свеченото отворање ќе присуствуваат повеќе од 20 светски лидери, меѓу кои и претседателите на Белорусија, Боливија, Казахстан, Молдавија, како и премиерите на Ерменија и Либан, Саудискиот принц, пренесува „Тасс“.

Фудбалскиот Мундијал за прв пат се одржува во Русија, а натпреварите ќе се играат од 14 јуни до 15 јули на 12 стадиони во 11 руски градови - Москва, Санкт Петербург, Казан, Нижни Новгород, Саранск, Калининград, Волгоград, Екатеринбург, Самара, Сочи и Ростов-на-Дон.

Светската фудбалска организација ФИФА соопшти дека продала 2,5 милиони билети ширум светот. Повеќе од 870.000 билети се купени од страна на Русите, Американците 90.000, а Бразилците над 72.000 билети.

Организација на Светското првенство Русија чини околу 12 милијарди долари. 

Со 80 гласа ,,ЗА” Собранието ги изгласа потребата од донесување на уставните измени

80 пратеници гласаа за потребата од промена на Уставот на Република Македонија , објави собранискиот спикер Талат Џафери.

39 пратеници гласаа против измените на Уставот. На барање на пратеникот Драган Данев за поименично гласање , пратениците се изјаснија кој гласал за промена на Уставот , со што се отвора прифаќа Договорот од Преспа за промена на името Република Македонија  и се одблокира НАТО и ЕУ интеграцијата на Македонија . 

НАТО генерал избегна атентат во Авганистан

Командантот на силите на НАТО во Авганистан , американскиот генерал Скот Милер е неповреден во нападот во Кандахар , каде загинаа две лица , а повеќемина се повредени.

Веднаш по состанокот на генерал Милер со покраинските функционери во областа Кандахар , во Авганистан , при разделбата , непознати лица отвориле оган врз делегациите. Во пукотниците загина шефот на полицијата на областа , како и еден новинар.

Неколку лица од авганистанската делегација се повредени. Од штабот на НАТО информираат дека генералот Милер е неповреден.

Пред делегацијата на НАТО да се качи во авион се слушнале истрели, а медиумите јавуваат дека меѓу напаѓачите биле и телохранителите на гувернерот.  

Растот на платите, обезбедените буџетски средства за нови капацитети и опрема се приоритет на Владата за текстилната индустрија

Министерот за финансии Драган Тевдовски и шефицата на кабинетот на Министерството за труд и социјална политика Санела Шкриељ,учествуваа на дебатата „Иднината во нашите очи“ во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“.

Како што истакна министерот за финансии, целта на Владата е да обезбеди подобар живот за граѓаните и развој на економијата, а овие две цели се заемно поврзани. Тевдовски додаде дека токму поради тоа, Владата истовремено го поддржува и растот на платите, преку мерки како минималната плата, но и техничко-технолошкиот развој на компаниите за зголемување на продуктивноста, се наведува во соопштението од Владата. 

На дебатата во Штип, Тевдовски посочи дека растот на платите најмногу се гледа кај секторите за производство на текстил, облека и преработка на кожа, како области кои порано имаа плата под минималната, но сега прагот кај нив е изедначен со останатите сектори.

Министерот за финансии на трибината на манифестацијата „Текстилијада“ која се одржува по втор пат и која им овозможува на работниците и на работодавачите да ги споделат нивните теми од интерес, нагласи дека растот на платите влијае на покачување на продуктивноста на компаниите, бидејќи подобро платените работници се помотивирани и попродуктивни. Во таа насока, за да се поддржи зголемување на продуктивноста на компаниите, Владата обезбеди буџетски средства но и евтини кредити од Европската инвестициска банка, за да ги поддржи инвестициите во нови капацитети и опрема. Министерот рече дека зголемената продуктивност на компаниите на крај ќе се отслика на развојот на економијата во целост.

Во име на Министерството за труд и социјална политика, шефицата на кабинетот на министерката, Шкриељ нагласи дека изминатата година и пол МТСП интензивно работеше на законски решенија со кои се унапредуваат работничките права. Една од тие мерки е поддршката за раст на плати со кои на работниците им се исплаќа повисока минимална плата, а работодавачите добиваат поддршка за истата и од оваа мерка веќе се гледаат резултатите. Таа информираше дека во тек е и подготовка на нов закон за работни односи кој ќе биде усогласен со европските стандарди.

На дебатата учествуваа и Благој Бочварски и Николчо Илиев, како градоначалници на Штип и Кочани, градови со доминантно текстилна индустрија.

притисни ентер