Фото: „Жешката“ Милица во црвено

Српската пејачка Милица Тодоровиќ направи вистинско шоу на промоцијата на својата нова песна „Шоу програм“.

Провокативната Милица на сцената се појави во тесен црвен комплет кој ги истакна сите нејзини облини.

На промоцијата на новата песна на Милица присуствуваа   директорот на Гранд Саша Поповиќ и неколку нејзини колеги, како Саша Ковачевиќ, Миа, Славица Чуќтераш...

215 милиони долари обештетување за сексуално вознемирувани студентки

Универзитетот од Јужна Калифорнија објави дека е постигнат првичен договор да плати 215 милиони долари обештетување поради гинекологот , кој неколку години сексуално ги вознемирувал студентките.

Во соопштението потпишано од директорката на Универзитетот , Ванда Остин се наведува договорот подразбира обештетување од 2 500 до 250 000 долари на сите студентки кои тврделе дека гинекологот сексуално ги вознемирувал.

Голем број од сегашните и поранешните студентки  пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал во периодот од 1988 до 2016 година.

Тиндал работел околу три децении на Универзитетот како гинеколог , пред пензионирањето минатата година, откако била покрената истрага поради докази за сексуално вознемирување за време на прегледите.

Гинекологот ги демантирал тврдењата.

Куче на сите начини се обидува да спаси девојче (ВИДЕО)

Хит на денот на социјалните мрежи е волчјакот Кајзер , кој на сите начини се обидува и конечно успеа да ја спаси својата сопственичка да не се удави.

Девојчето Бриа решила да направи мал тест за да види како ќе реагира нејзиниот волчјак . Скокнала во базенот и почнала да вика дека се дави. Кучето , кое ја видело својата преплашена сопственичка , иако не знаело дека станува збор за шега , сериозно почнало да ја спасува.

Веднаш скокна во базенот , ја повлече за косата и се обиде да и ја држи главата над вода. Шегата на Бриа направи видеото да стане глобален хит и пример за пожртвуваност.

Закани по живот за лажната Меланија Трамп (ФОТО)

Манекенката , која ја глумеше првата дама на САД во спотот на раперот ТиАј , се соочува со сериозни закани по живот.

Спотот на раперот , што ја разгневи Белата куќа, има продолжение. Манекенаката Мелани Марден , која во спотот ја глуми Меланија Трамп и танцува во Овалната соба додека претседателот е на пат , со денови добива заканувачки пораки .

Канаѓанката вели дека непознати лица и пишуваат дека треба да ја покосат со автомобил или да ја претепаат со безбол палки. Таа гола танцуваше во спотот на раперот , за што вели дека си ја вршела работата за која била платена .

,, Добив прилика да ја глумам сопругата на Доналд Трамп , гола , и прифатив . Тоа е се.” , изјави Мелани. Манекенката додава и дека Меланија нема причина да се налути , зашто не мислела ништо лошо со нејзиниот настап.

притисни ентер