Манчестер Сити против Арсенал на стартот на новата сезона во Премиер лигата

 Актуелниот шампион Манчестер Сити гостува кај Арсенал во дербито од првото коло на новата сезона во англиската Премиер лига.

Двојки за првата рунда:

Арсенал - Манчестер Сити

Манчестер Јунајтед – Лестер

Борнемут – Кардиф

Њукасл – Тотенхем

Фулам - Кристал Палас

Саутемптон – Барнли

Хадерсфилд - Челзи

Ватфорд - Брајтон

Ливерпул - Вест Хем

Вулверхемптон – Евертон.

Сите натпревари ќе се одржат на 11 август. 

Меси: Ќе сториме да го вратиме трофејот од ЛШ на „Камп Ноу".

Новиот капитен на Барселона, Лионел Меси, вети дека каталонскиот тим во претстојната сезона ќе стори се за да ја освои Лигата на шампионите.

- Ветуваме дека оваа година ќе направиме се што е можно за повторно да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Имаме план за иднината, а оние кои дојдоа во тимот ќе ни помогнат да станеме подобри. Минатата година бевме добри, стигнавме до дупла круна. Но, останавме без Лигата на шампионите. Оваа сезона имаме амбиции за трофејот во елитното натпреварување, изјави Аргентинецот.

Меси беше еден од стрелците во победата на Каталонците над Бока Јунирос (3:0) на дуелот одигран вчеравечер и беше прогласен за најдобар играч на „Гампер Купот“ кој Каталонците го освоија по 41-ви пат. /МИА

Атлетико се изедначи со Ливерпул и Ајакс, Реал загуби евро-финале по 18 години

Атлетико Мадрид ги достигна Ливерпул и Ајакс во бројот на освоените трофеи во Супер купот на УЕФА. „Душекџиите“ синоќа во Талин по трет пат го дигнаа Супер куп трофејот по 2010 и 2012 година.

Ист број трофеи имаат и Ливерпул и Ајакс. Пред нив се Реал Мадрид со четири, како и Милан и Барселона со по пет наслови.

Од друга страна, Реал Мадрид загуби финале во евро-куп прв пат по 2000 година. „Кралскиот клуб“ изминатите 18 години во финалињата има пет победи во ЛШ и четири во Супер купот. /МИА

Лопетеги: Ништо Страшно, продолжуваме понатаму по зацртаниот пат

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги смета дека синоќешниот пораз од Атлетико Мадрид во Супер купот на УЕФА не треба да остави некаква трага и да биде причина за тревога.

- Нема да ја менуваме клупската политика поради овој загубен меч. Ни престојат домашнито шампионат и Лигата на шампионите и треба да се фокусираме на тие натпреварувања. Супер купот го загубивме поради наши грешки. Сепак, Атлетико заслужено го освои трофејот и ние им честитаме, изјави Лопетеги.

Новиот тренер дебитираше со пораз 2:4 по продолженија, откако основите 90 минути завршија нерешено 2:2. /МИА

притисни ентер