Што носи содржината на договорот со Грција?

По грчката влада и македонската излезе со свој нон пејпер во кој се објаснува договорот и што земјава добива со истиот. 

Според владата нај голем успех е тоа дека со овој договор се успеало да се зачува  достоинството, националниот, културниот и севкупниот идентитет на македонскиот народ, а  ќе имаме право да се определуваме како Македонци без било какви ограничувања.

-Со договорот, официјалното име за севкупна употреба ќе биде Република Северна Македонија или скратено – Северна Македонија. Во однос на јазикот, предвидено е – македонски јазик, и во ОН останува да пишува – Македонски јазик – без каква било фуснота со дообјаснување. Во врска со државјанството односно националноста, во договорот е утврдено – Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

Многу реакции се појавија во јавноста за тоа дека во договорот има две толкување на што е тоа македонија и македонско, во историски контекст. ВО нон пејперот пишува дека со членот 7 од договорот се прави јасна дистинкција дека поимот Македонија и Македонски во Грција го означува Хеленскиот дел од историјата.

-Основата на договорот е тоа што во него на пријателски начин и прецизно е утврдено како Грција го толкува поимот „Македонија“ и „Македонски“ и тоа, како ние за нас го толкуваме поимот Македонија и Македонски. Во договорот е утврдено дека Македонија и Македонски во наш контекст ги отсликува нашата територија, нашиот јазик, народ со сите атрибути, историја, култура и наследство – различни од оние во Грција.

„Од држава со многу проблеми и лоши односи со сите соседи, се претвораме во позитивен пример/модел што другите сакаат да го следат....Ја зајакнуваме соработката. Ова е нов Балкан достоен за 21 век“ пишува во документот.

Во однос на динамиката се наведува дека имплементацијата ќе се случува етапно. Договорот, ќе стапи во сила откако во Грција и Македонија ќе се прифати истиот согласно внатрешни процедури, но доколку која било од страните не го прифати, тоа ќе значи дека договорот не важи.

Макрон го промовира неговиот концепт на ЕУ

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга.

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга, која подразбира пред се реорганизација на унијата со засилена економска, политичка и одбранбена поврзаност и  соработка со  Русија и Турција.

Според него, Европа за 15 години би била организирана во три круга на држави со различен степен на интеграција.

За тоа што стои зад идејата и како нејзината евентуална реализација би се одразила на евроинтеграциите на Македонија  своите ставови ги споделија амбасадорот Ѓорѓи Филипов и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. 

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов смета дека „Европа во три круга”  е  личен нацрт-план на претседателот Емануел Макрон, што претставува една визија за зацврстување на ЕУ и претставува пресметан потег на Макрон за зајакнување на неговата лична позиција во претстојното преструктурирање на унијата.

Алберт Муслиу, смета дека Макроновата идеја како проект за реорганизација на ЕУ е реално потребен, бидејќи, вели, глобалните односи се сменети и денес имаме повеќе сериозни глобални играчи, посочувајќи на Кина, Индија и Бразил.

Во однос на тоа каде би се нашле Македонија во  тие три круга и Филипов и Муслиу се оптимисти дека концептот нема да влијае врз интеграцијата на Македонија и останатите земји од Западен Балкан кои се во фаза на преговори со ЕУ.

СДСМ повторно го повикува Мицкоски да се изјасни за референдумот

Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се за што си, граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.

Време е Мицкоски. Конечно треба да кажете за што сте и да се изјасните за референдумот.

Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Како тоа цела деценија зборувате за референдум а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став?

Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.

Или сте за светла иднина, членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или сте за темно минато, криминал, изолација, неизвесност.

Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се!

Граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.

На 30 септември, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен македонски идентитет.

ДА за македонската иднина! /МИА

Опожарена куќа во Кисела Вода, нема повредени

Пожар во куќа на улицата „Невена Георгиева Дуња“ во скопската населба Кисела Вода избувнал ноќеска околу еден часот по полноќ.

Во пожарот, како што јавува МИА, нема повредени лица, а биле опожарени 200 метри квадратни.

Во гаснењето што траело до 04:15 часот учествувале 12 пожарникари со шест противпожарни возила. /МИА

притисни ентер